Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Се реновираат главните метеоролошки станици во Охрид и Штип

Во рамки на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво. По отпочнувањето на интервенциите во Прилеп и Битола, следниот значаен чекор е модернизацијата на главната метеоролошка станица во Штип. Со оваа инвестиција, како што информира УХМР; ќе се подобри следењето на температурните екстреми, врнежите и ветерот во Источниот регион, што е од особено значење за земјоделското производство, управувањето со водите и навременото реагирање на климатските ризици.

Паралелно со тоа, планирано е и реновирање на главната метеоролошка станица во Охрид, која претставува клучна точка за мониторинг на климатските услови во југозападниот дел од државата и околината на Охридското Езеро. Според УХМР, со модернизацијата ќе се обезбеди поголема точност и доверливост на податоците, неопходни за поддршка на земјоделските активности, туризмот и заштитата на овој чувствителен екосистем.

-Со овие вложувања значително се зајакнува националната метеоролошка инфраструктура, се унапредуваат капацитетите за следење на временските услови и се обезбедува повисок квалитет на метеоролошките услуги за земјоделските производители ширум државата, наведува УХМР.