Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Се реконструира објектот на ТППЕ Куманово, во следната фаза и спортската сала

Во тек е реконструкција и унапредување на објектот во кој е сместена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е реконструкција и унапредување на објектот во кој е сместена Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, информираше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Реконструкцијата се реализира преку проект на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, со поддршка од општествено-одговорни компании од градот.

Во рамки на активностите се поставуваат нови врати и ПВЦ-прозорци, се реконструира бифето и се обновуваат спалните соби, кои ќе бидат опремени со нови кревети. Предвидено е и поставување клима-уреди, метални ормари за противпожарните униформи, обезбедување нов канцелариски материјал, како и замена на олуците.

Реклама

Според најавата на градоначалникот Димитриевски, во следната фаза е планирана и реконструкција на спортската сала во склоп на објектот.