Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Се разгорува битката за тронот во ССМ: Судот го поништи изборот на Димовски, Митревски бара враќање на функцијата

Изборот на Дарко Димовски за Претседател на Созјуот на Синидкатите на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изборот на Дарко Димовски за Претседател на Созјуот на Синидкатите на Македонија во 2017 година е ништовен, пресудил Основниот граѓански суд по тужбата од Живко Митревски, поранешен претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија. Според оваa пресуда, сите активности преземени од страна на синдикатот во 2017 година за разрешување на Живко Митревски од функцијата претседател на најголемиот и најстариот синдикат во Македонија се прогласуваат за ништовни. Митровски врз основа на оваа пресуда бара веднаш државата да постапи по пресудата и да го врати Митревски на функција Претседател на ССМ.

„Станува збор за воведување на правна сигурност во нашата држава, на почитување на законите, на почитување на уставот и на почитување на статутот на ССМ. На крај ова е и борба за спас на ССМ од водење на некомпетентни и нестручни личности кои по пат на фалсификати, по пат на изгрување на статутот и замајување со изигрување на низа број на измами, станале т.н. претседатели, го урнисаа ССМ“, изјави поранешниот синдикалец Митревски.

Актуелниот претседател на синдикалното движење Слободан Трендафилов сепак и натаму тврди дека тој е легитимно избран на оваа функција, а според него, легитимен е и изборот на веќе покојниот Дарко Димовски во 2020 година. Пресудата се однесува за починато лице кое не може да ја каже својата верзија на случувањата пред скоро десет години кога државата го прифати Димовски за легален претставник на синдикалното движење, вели Трендафилов. Потсети дека претходната ваква пресуда по жалбата од ССМ до Апелација, е вратена на повторно одлучување во гранскиот суд.

Реклама

„Сакам да укажам на нова состојба која што од 2022 година, репрезентативните синдикати членки на ССМ, легитимни нивни претставници, легитимни синдикати во ССМ извршиле избор на нов Претседател. И таа одлука во правниот промет повеќе не се применува од 2020 година. Судот суди врз основа на одлука која повеќе не е во правен промет, бидејќи конгресот кој е највисок орган во ССМ ја укинал како таква“, изјави Трендафилов.

Во меѓувреме, Трендафилов најави дека синдикалните активности продолжуваат. За први мај најави голем протест во Скопје и побара поголема масовност од работниците кои ќе бараат  минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за по 6.000 денари.