Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Се проширува инвестициската програма на МОН – освен студентските домови, ќе се реконструираат и државните училишта со ресурсни центри

Министерството за образование и наука продолжува со инвестициските активности за подобрување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука продолжува со инвестициските активности за подобрување на инфраструктурните услови за поквалитетна едукација и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард.

Годинава, како што информираат од МОН, покрај тоа што ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, ќе почне и темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри, кои се столб на инклузивноста на националниот образовен систем.

Како што информираат од МОН, за оваа намена од Германската развојна банка KfW, а со поддршка од Европската Унија преку инвестициската рамка за Западен Балкан, обезбедени се средства во висина од 40 милиони евра. Тоа е буџет со кој ќе се реализира втората фаза од процесот на темелна и енергетски ефикасна обнова на преостанатите седум државни студентски домови, со оглед дека домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ се во активна фаза на обнова, а паралелно ќе се реконструираат и објектите на седум државни училишта со ресурсни центри за ученици со посебни образовни потреби.

Реклама

Дополнително, за покривање на трошоците поврзани со подготовките за реконструкција на ресурсните центри, како што се енергетски контроли, детаљни проекти и тендерирање за енергетски ефикасната реконструкција, преку програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан поддржана од Европската Унија, обезбеден е неповратен грант од 1,25 милион евра.

Договорите за користење на средствата ги потпишаа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, и Пабло Алварез Обрадор, директор за енергетика за Југоисточна Европа и Турција во Германската развојна банка KfW, а во присуство на Штефан Худолин, раководител на секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија во Скопје, и заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија, Јан-Аксел Фос.

Оваа крупна инвестициска активност, како што посочуваат од МОН, е значаен исчекор во унапредувањето условите за живеење и учење на младите во Македонија, подигнување на инклузивноста, зголемување на енергетската ефикасност на јавните објекти и значително намалување на емисиите на CO₂.