Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Се прават напори за подобрување на грижата на државата за пациентите со цистична фиброза

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, генералниот директор на Фондот, Сашо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Фондот за здравствено осигурување на Македонија, генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денеска се сретна со делегација на Вертекс, единствениот производител на иновативна терапија за цистична фиброза во светот, на која беше истакната посветеноста и грижата на Фондот за пациентите со цистична фиброза, информираат од Фондот.

Клековски истакнал дека се прават напори за подобрување на грижата на државата за пациентите со цистична фиброза.

-Подготвени сме за подобрување на грижата кон пациентите со цистична фиброза со вклучување на поголем број  пациенти, што е можно поскоро, истакнал директорот на Фонфот за здравствено осигурување на Македонија, Клековски.

Реклама

Делегацијата на Вертекс била предводена од Адриан Василиу, комерцијален директор за Централна и Источна Европа. На средбата бил присутен и Игор Г. Николов, советник на Премиерот за реформи во здравството.

Директорот на Фондот се заблагодарил за напорите на Вертекс да вклучи иновативна терапија и за целокупната поддршка на Македонија, која започнува во 2022 година.

Претставниците на делегацијата на Вертекс го истакнале значењето на раната детекција на болеста цистична фиброза, каде МАНУ има резултати на европско ниво, како и потребата од навремено вклучување на болните кои ја имаат оваа дијагноза во програмите за лекување.

Клековски најавил дека следната недела ќе заврши процедурата за внесување во Позитивната листа на лекот Микрозим кој е од групата на панкреасни ензими, и е наменет за овие пациенти.