Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Се помалку студенти по ветерина во Македонија

Ако некогаш на Ветеринарниот факултет во Скопје кој постои речиси од осамостувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако некогаш на Ветеринарниот факултет во Скопје кој постои речиси од осамостувањето на Македонија,се запишувале по 70 студени, сега на шесте студиски години има вкупно 100 студенти.Од година во година нивниот број е се’ помал,во послените 3 уписни рокови се пријавуваат едвам околу 20 до 25 студенти,вели Дејан Јанкулоски, декан на Ветеринарниот факултет, кој е дел од првата генерација студенти кои завршиле и со носталгија се присетува на полните амфитеатри во кои идните доктори по ветеринарна медиција ги следеле предавањата.

 “Како држава навистина веројатно ќе не стави во ситуација дали во иднина ќе имаме доволен број на доктори по ветеринарна медицина. Такви се трендовите, отворени се границите на ЕУ така да идните студентите можат да се запишат и на други факултети.Затоа ние настојуваме преку подобрување на студиските програми и подобрување на условите на студентите да ги задржиме нашите студените бидејќи на крај на краиштата тие што ќе дипломираат кај нас, еден ден и ќе продолжат да работат на факултетот “-вели Дејан Јанкулоски,декан на Ветеринарен факултет Скопје.

Правиме се’ што можеме да ги задржиме студентите дома,вели Јакулоски со тоа што ќе им дадеме можност доколку се добри и покажат квалитет, да останат кај нас бидејќи постојано ни треба нов наставен кадар, асистенти и истражувачи.Тој се осврна и на причините зошто идните ветеринари заминуваат на студии во европските земји и што треба дополнително да направи државата за да се подобрат условите на скопскиот ветеринарен факулет, што е она што недостасува?

Реклама

“Потребно е навистина голем дел на инвестиции како во просториии, адаптација на просториите,клиника за големи и мали животни,помошни модели со кои што студентите ќе работат на нив, но и образовен наставен кадар кој што треба да ги следи барања на ветеринарните факултети во Европа” –вели Јанкулоски.

Токму на 10-тиот конгрес на ветеринарна медицина кој овој пат има меѓународен карактер, професори од европските факултети им посочуваа на македонските колеги како се одвива ветеринарната едукација, што е важно идните ветеринари да знаат,им укажуваа за начинот на држење на настава од страна на професорите и кои се’ услови мора да се исполнат за еден факултет да ги задоволи стандардите кои се бараат од европската асоцијација на ветеринарни здруженија и факултети,чија полноправна членка тежи да стане и скопскиот ветеринарен факултети.

Росица Голабоска