Реклама
Прилози

Се откажуваат сите закажани операции на Клиника викендов, оти 80 проценти од Скопје ќе нема вода

Закажаните операции на клинички центар викендот се откажуваат оти нема да има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Закажаните операции на клинички центар викендот се откажуваат оти нема да има вода, поради големиот дефект на главната цевководна мрежа.  Единствено ќе се третираат итните случаи, потврдува Министерството за здравство.

„Од „Службата за општи и заеднички работи“, при клиниките, информирани сме дека се во тек подготвителни активности за непречено функционирање на клиниките, при прекинот на снабдувањето со вода. За греење ќе се користат резервните резервоари. Службата ќе препорача клиниките да ги презакажат елективните интервенции. Останатите ресурси од тип на медицински гасови, електрична енергија, канализација, климатизација ќе функционираат вообичаено“, велат од Министерството за здравство.

Министерот за животна средина Меџити, рече одговорноста е апсолутно во водоводното претпријатие, но, дека во интерес на граѓаните, ако има потреба ќе реагира Владата.

Реклама

„Ние ќе излеземе во пресрет, но тие се ингеренции на „Водовод и канализација“ и на градоначалничката Арсовска. Арсовска, како што излеговме во пресрет со јавниот превоз, но мислам дека време е да покажат и докажат дека децентрализацијата треба да зајакне, а не да ургира цело време Владата“, рече Изет Меџити, вицепремиер за животна средина и просторно планирање.

Скопјани се гневни. Никој не информира до кога ќе нема вода и дали градските служби ќе обезбедат цистерни за да ги услужуваат граѓаните. Алфа испрати прашања до надлежните, но до овој момент немаме одговор. Граѓаните револтирани велат дека не е нормално во 21 век, да бидат оставени без вода и дека уште сега се подготвуваат за тоа што ги чека викендов.

Инаку администрацијата на Арсовка, ја исклучува водата во петок кон сабота на полноќ. Ќе нема вода во повеќе од 80 проценти од Скопје: десната страна на Вардар од „СП Планет“, Порта Влае, Карпош Тафталиџе, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Драчево, Зелениково, а ќе нема вода и на дел од левата страна, кај Автокоманда ниска Зона“.

Љубиша Владимиров