Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ со измислени приказни го покрива хаосот во власта

Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ. Само за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми, се наведува во соопштението од СДСМ.

Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ. Ова се очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го сокријат фактот дека за една година власт, не реализираа ништо што им го ветија на граѓаните. Државата пука по сите шавови, инфлацијата расте, економијата тоне, инвеститорите си заминуваат. 

Последниот скандал со суспензија на средствата од ИПАРД програмата е уште еден доказ за вистинската слика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, држава заробена од партиски и лични интереси, корупција и неспособни кадри.

Реклама

Им порачуваме да си ја гледаат својата Влада која се распаѓа пред очи на јавноста. Уплашени се од секојдневните скандали кои допрва ќе излегуваат во јавноста. Ваквите спинови во паника се јасен индикатор колку не им оди работата.

СДСМ е единствена политичка сила која секој ден ја разобличува криминалната власт. Во СДСМ се спроведува сериозен процес на консултации и обновување, насочен кон создавање силен и одговорен тим кој ќе ја води партијата во новата фаза.