Реклама
Прилози

СДСМ таблоид партија: Филипче стана опозиција сам на себе, а не на власта, реториката му е крајно недолична, некултурна и премногу ниска

Таблоид партија, опозиција на самата себе, а не на власта во државата.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таблоид партија, опозиција на самата себе, а не на власта во државата. Тоа станаа Венко Филипче и раководството на СДСМ последниов период. Токму и поради тоа не е чудно што се повеќе видни партиски членови и поранешни функционери јавно реагираат за состојбите на Бихаќка.

Луѓе кои во минатото беа на високи партиски и државни позиции токму во и од СДСМ, сметаат дека партиската реторика последниов период е крајно недолична, некултурна и премногу ниска за сериозен политички субјект.

Поранешниот градоначалник на Центар од социјалдемократите, Саша Богдановиќ, за Алфа вели дека и повеќе од проблематично е што се влегува со директни тенденциозни напади кон партиски членови и медиуми. Според него незадоволните во партијата тоа мораат да го изразуваат јавно, бидејќи во моментов во СДСМ, тоа е невозможно преку партиските органи и општинските организации, кои биле целосно неактивни.   

Реклама

-Секојдневно, односно и по три пати на ден како еден таблоид ајде така да кажам, каде што се напаѓаа приватни компании, како да е СДСМ опозиција во друга држава. Сега се пресметуваат и со членови кои што се во СДСМ, можеби имаат некои свои ставови, различни гледишта, а политичката партија треба да биде место каде ќе се дискутира, ќе се даваат заклучоци и идеи и нормално ќе се сослушуваат. Е сега нормално тие луѓе ако не се ислушани не можат да кажат, изјави Богдановиќ.

СДСМ преку партиски соопштенија, но и изјави на лидерот на партијата, со низа навреди удри по своите партиски членови, на удар последниов период се Петре Шилегов и Јован Деспотовски, кој му беше ривал на Филипче на прв човек на социјадемократите. За едниот велат дека имал склоности, пороци, приватни слабости и долгови, а другиот бил квинслинг, а и двајцата одработувале за ВМРО-ДПМНЕ, според реториката на опозициската партија.

Според Богдановиќ ова покажува дека СДСМ во моментов не постои внатрепартиската демократија, која ја красела оваа партија во минатото, па секој што ќе испрати и најмала критика за раководството, добива напади и тешки навреди.

-Тоа е многу ниско, значи јас сум бил градоначалник на Општина Центар, Петре беше на Град Скопје, сме имале различни политички ставови, некогаш сме конфронтирале, но секогаш тоа било во рамки на некоја нормална комуникација. Ама вие сега да се сведете, да навредувате дали е вака или не знам имал ваков проблем или немал. Па и да имал треба да се понудите да му се понудите да му помогнете. Јас знам дека човекот нема никаков проблем, ама не е во ред, изјави Богдановиќ.

Шилегов и Деспотовски не се единствени жртви на отвровните стрели од Бихаќка и видни членови со кои СДСМ влезе во лични пресметки, тоа се случи и со уште неколку поранешни високи партиски функционери. А последниов период секојдневно влегуваат и во пресметки со медиуми и новинари.

Матеја Петровски