Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

СДСМ сака национално единство за стратешки прашања, но само кога е во опозиција

Го потпишаа Преспанскиот договор и го сменија името без консензус и против…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Го потпишаа Преспанскиот договор и го сменија името без консензус и против волјата на народот, го потпишаа Договорот за добрососедство, го прифатија францускиот предлог, го потпишаа протоколот со Бугарија, се согласија на уставни измени без консултација со тогашната опозиција – се наталожија еден куп проблеми што сега резултираат со огромна блокада на европскиот пат на Македонија и сега на СДСМ, откако народот ги испрати во позиција им текна да демонстрираат конструктивност, да нудат некакви решенија и да бараат национален консензус.

Експертите предупредуваат дека оваа реторика на опозицискиот лидер Венко Филипче е само гола политика со празни флоскули – бидејќи кога неговата партија требаше да бара консензус за националните прашања, ја тераше својата агенда, ги газеше црвените линии и правеше отстапки кои предизвикаа трајни последици.

Ајде да видиме за што бараат консензус. Беше побаран од тогашната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, сметам дека е потребен кога се работи за националните прашања. За црвените линии, кои отсапки ги правиме.Околу начинот на интегрирање во ЕУ, НАТО кое веќе го имаме постигнато. Во моментов гледаме само празна реторика и празни флоскули во време кога голем дел од функционерите од СДСМ, а и самиот Филипче треба да одговораат за многу недела, вели аналитичарот Александар Ристевски.

Реклама

Филипче вчера повторно излезе со барање за лидерска средба – убедувајќи ја јавноста дека ќе продолжи да биде конструктивен. Тој рече дека секој предлог што значи одблокирање на процесот би бил прифатлив, вклучувајќи ја и сугестијата на претседателката Сиљановска Давкова за нов протокол со Бугарија, но без можност за вето. Дури ја спомена и работата на историската комисија и можноста истата да се модифицира и да земеме примери од други земји. Според Ристевски, сите овие предлози Филипче ги нафрлал само за да си го крене рејтингот.

Од друга страна сето ова што го иницира Филипче може да го истурка во Собранието, тој е пратеник, постојат пратенички прашања со самото тоа што тој инциира лидеска средба, само сака да се легитимира во еден момент на паѓачки рејгинг на неговата партија и на него самиот, додава Ристевски.

Инаку, барањето за лидерска средба доаѓа откако пред еден месец Филипче се сретна со премиерот Мицкоски. Тогаш, се договорија, разговорите да се одвиваат преку работни групи и власта и опозицијата да изнајдат заедничко решение за македонските евроинтеграции.