Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

СДСМ ниту се тера, нити се води: По острите критики кон ДУИ, сега ги подотвораат вратите за соработка на изборите

Беа во брак во владата цели седум години, по изборите се поткараа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Беа во брак во владата цели седум години, по изборите се поткараа, во последниве месеци се разведоа, ама сега ќе се смируваат за локалните избори. СДСМ и ДУИ не знаат каде тераат. Лидерот на СДСМ Венко Филипче, кој пред само некој месец целосно се огради од Ахмети, денеска најави дека вратите за соработка на локалните избори се отворени за сите, па дури и за нивните бивши партери, кои важат за една од најокрумпираните партии во државата.

Директно прашан дали на престојните избори би колаицирал повторно со ДУИ, Филипче не се одерче до Ахмети, како пред тоа, туку рече дека биле подготвено да разговараат со сите политички партии

„Ќе разговараме со сите политички партии, меѓутоа принципите на коалиција значат дека коалиционите партнери прво треба да се почитуваат, понатаму да се целосно согласни околу програмите што ќе ги ветиме на граѓаните, односно имплементираме научени лекции од претходните коалиции“, рече Филипче.

Реклама

Изјавата на Филипче следи само два дена откако влијателната пратеничка Сања Лукаревска јасно се огради од ДУИ и порача дека заслужувале да останат длабока опозиција. За најавите на Ахмети за протести, таа рече дека откако ДУИ е во опозиција, само се нафрлаат закани за можни немири и протести со што се дава впечаток дека не можат да се помират што не се на власт.

„Заслужуваат да останат длабоко во опозиција затоа што на овој народ му е доволно од пречките кои што ги имаме меѓу политичари од различни партии, а како капак на ова да слушаме дека ќе има протести затоа што некој смета дека веќе не е на власт и не може да ги влече конците како што беше претходно“, рече Лукаревска во емисија на Канал 5.

Но, не е само Лукраевска. И самиот Филипче во декември јавно призна дека неговата партија падна на изборите и заради поданичкиот однос кон ДУИ.

„Да, ДУИ на некој начин ја трошеше и во значаен дел ја потроши СДСМ како дел од власта. Тоа не е само моја констатација, туку е дел од многу сериозна анализа која што ја направивме. Вредностите и интересите на граѓаните ќе бидат основата за секоја идна коалиција. „Секоја идна коалиција ќе ја градиме врз основа на вредносните политики. Вакви компромиси, кои сериозно го оштетија нашиот интегритет, нема да се повторат“, нагласи тој во декември, во интервју за „360 степени“.

И да е само оваа изјава. Лидерот на СДСМ отиде подалеку и нарекувајќи ја ДУИ за корумпирана, а нивните закани за опасни и неприфатливи.

„Коруптивната стигма што ДУИ ја носи со години е нешто од што јасно и недвосмислено се дистанцираме. Нивната реторика и подигање етнички тензии се опасни и неприфатливи за едно мултиетничко општество“, изјави Филипче во јануари во интервју за Независен.

Очигледно СДСМ како без компас се лизга низ политички тобоган во обид да обезбеди успех на претстојните локални избори, па така Филипче цитира некакви си анекти кои покажувале дека нивнитот рејтинг се зголемува. Но исто така се расфрлаше и со критики дека владината коалиција почива на теснопартиски и финансиски интереси и била осудена на пропаст.