Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

СДСМ: Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја

Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема пари за плати и пензии, дупката е 1 милијарда евра.

Поскапувањето на струјата и прогласувањето кризна состојба, не се поради протестите во Грција туку две причини директно врзани со владата: криминални тендери и неспособност во енергетиката, истакна на прес-конференција генералениот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

За само година и половина, со Божиновска на чело на овој сектор, Владата ја доведе ЕСМ до финансиски и производствен колапс.  Не се произведува доволно струја дома, се увезува скапа струја од надвор.

Реклама

Затоа оваа година има историски најниско производство на домашна струја, ниту половина од планираните 5.100 GWh.

Наместо да се произведува дома, која што државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час, владата купува струја за 140 евра мегават часови.

Колку ги чини тоа граѓаните?

77 милиони евра загуба за само првите два квартали од 2025 година а проекцијата е дека ќе достигне над 100 милиони евра загуба до крајот на оваа година.

Сега е ли јасно зошто струјата поскапува? Зошто се прогласува кризна состојба?

Да се покријат криминални тендери и неспособност.

Зошто фали 1 милијарда евра во буџетот? Исто така за тендери, како што се 161 тендер за една фирма или 9 милиони евра за друга фрима за двајца вработени кои ги објавивме.

Клучното прашање е кој профитира од скапиот увоз на струја?

Зошто навреме не биле обезбедени енергенси, мазут на пример?

СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за овие загуби од 100 милиони евра и да утврди одговорност.

Кој ќе одговара за загубите од над 100 милиони евра?

Кој профитира од увозот на струја?

Кој заработува додека народот плаќа?

Одговроност мора да има!