Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции, одговорност мора да има за секој

Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал, се спосочува во соопштението од СДСМ.

Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа.

Ова е апсолутно недозволиво. Објаснувањето дека нема да се откриваат имињата затоа што извештајот не бил конечен остава простор за манипулација со фактите и за менување на наодите. Ваквото презентирање на истрагата и наодите е скандалозно.

Реклама

Дали министерот намерно не соопштува за да може да преговара или разговара со оние што го правеле тоа?

Како е можно да е утврдено дека операциите се непотребно извршени, а истовремено извештајот да не е финален?

Ако веќе е утврдено, нема ниту една причина да не се соопштат наодите за кои самиот тврди дека се утврдени — а истрагата потоа може да продолжи.

Ова е крајно несериозно однесување на Алиу за огромен скандал за кој не смее да има ниту една дамка сомнеж дека нешто се сокрива или манипулира.

Во интерес на зачувување на довербата во здравството и во здравствените работници, кои колективно трпат штета од ваквото презентирање на наодите, СДСМ бара итно објавување на досегашниот извештај и наодите од него.

Итно и транспарентно да се објават клиниките, како и сите поединечно инволвирани во процесот на носење одлука за операција на пациентите за кои, според Алиу, веќе е утврдено дека не требало да бидат оперирани.

Секое спротивно однесување на Алиу создава сомнеж за манипулација со конечната верзија на извештајот и неоправдано ги етикетира сите здравствени институции и лекари, наместо точно да ја лоцира одговорноста.