Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

СДСМ и ДУИ – од небо до дно за помалку од една година

Од власт која себе си се гледаше вечно на тронот до невиден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од власт која себе си се гледаше вечно на тронот до невиден пад, вака изгледаше 2024-та за социјалдемократите и за интегративците. Како низ политички тобоган се лизна нивната самодоверба и надеж… И сега, шест месеци откако не се владејачко мнозинство – политичките флоскули и националистичката реторика, без дела и без аргументи, со ваков рејтинг – ги води и СДСМ и ДУИ кон уште подлабок амбис… Дали ќе се самоизбришат од мапата политички партии во Македонија или ќе се разбудат?

Не гледам голем оптимизам од досегашните изјави и реториката на спинување, на извртување, на обид за креирање некоја општа несигурност. Според анкетите, тие се дури 4та партија, а следната година може да станат 6та. Немаат голема перспектива“ вели Александар Ристевски, политички аналитичар

СДСМ треба да преземе значителни реформи и да ги расчисти своите редови од структурите кои се вмешани во корупција и криминал  – предупредуваат оние кои ја следат внатрешната политика. Слабеењето на опозициската партија не е за изненадување, посебно по поразот на двојните избори во мај, па затоа, според упатените, мора што поскоро да се фатат за работа и да се променат од корен.

Реклама

„На СДСМ на почеток им треба да зафатат страна од оние структури кои се вмешани во корупција и криминал и да се реформира. СДСМ треба да ги зацрта своите стандарди, бидејќи лутаат со актуелната власт, да солидаризираат со власта и да има обединување околку важните прашања.  Рибата смрди од главата. Не можеме да видиме дека има драстични промени околку влијанието“ вели Александар Ристевски, политички аналитичар

За да има здрава средина на политичката сцена, потребна е конструктивна опозиција. Ништо подобро не е ниту кај ДУИ, чиј рејтинг вртоглаво опаѓа. Одлуките на Стејт Департментот, поранешниот вицепремиер Груби да биде на црната листа на САД беа тежок удар и силно предупредување за интегративците, што дополнително влијаеше на довербата на нивниот електорат.

Опаѓањето на рејтингот се должи на одлуката на Стејт Департментот. Кредибилитетот кај Америка посебно кај албанскиот електорат, на сите ни е познат и тоа беше начин кој инстантно влијае на јавното мислење. Претходниот наратив, типичен за балканските партии, посебно кај албанците, виктимизација, се претсатвуваат како жртва  па партиите излегуваат како спасители и ДУИ добро ја игра таа игра“, Марко Трошановски, политички аналитичар, Институт за демократија Социетас Цивилис

Партијата на Али Ахмети се соочува и со одлевање на членството и симпатизерите, посебно оние кои биле наклонети кон ДУИ само поради клиентелизам.

Голем дел од поддржувачите, овие 20 години биле од клиентелизам, вработување, тендер, близок до фамилијата и моќта сега е кај другата партија. Голем дел од електораот, кој ги поддржувал од овие причини, гледа да премине. Не гледам јас некоја идеологија туку едноставно клиенелизам. Ако се стабилизира Вреди како партиски субјект, ако се консолидира,б идејќи се уште нови, тој тренд ќе се зголеми и ќе продолжи“ Марко Трошановски, политички аналитичар, Институт за демократија Социетас Цивилис

Останува нејасно дали предупредувањата на упатените воопшто ќе допрат до СДСМ и ДУИ кои мора да се реформираат и да ја вратат довербата на гласачите – во спротивно, ризикуваат дополнителен пад на рејтингот и политичка нестабилност.