Реклама

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Прилози

СДСМ и ДУИ криеле инциденти на Вјоса Османи: Пилот не сакал да ја прими во авион бидејќи не сакала да помине скенер во Скопје

Пилот не сакал да ја пушти Вјоса Османи во авион додека не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пилот не сакал да ја пушти Вјоса Османи во авион додека не ги помине безбедносните проверки на скопскиот Аеродром. Ова е само еден од двата инциденти кои минатата година биле сокриени од власта предводена од СДСМ и ДУИ. Однесувањето на претседателката на Косово по се изгледа не е ништо ново. Во два наврата во рок од само 25 дена, таа на Аеродромот во Скопје одбивала да го помине скенерот, повикувајќи се на својот дипломатски пасош.

Според полициските записници кои што ги објави ВМРО-ДПМНЕ, а ги криела поранешната владејачка гарнитура, на 9-ти октомври 2023-та, постоел дури и ризик Османи воопшто да не се качи во авионот. Пилотот повикувајќи се на меѓународните стандарди за безебдност, кажал дека нема да ја прими на летот, доколку не се согласи да ги помине проверките.

-Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот. Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на „Кроација ерлајнс“, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатено на летот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Скенерот и безбедносните проверки биле проблем за Османи и на 16-ти септември лани. И тогаш од кабинетот на претседателката на Косово одбиле да ги поминат проверките, кои треба да ги помине секој патник.

-По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега веќе опозициските СДСМ и ДУИ, кои претходно ги криеле инцидентите со Вјоса Османи, оваа прилика ја искористија да ја нападнат новата власт во Македонија, откако беше објавено дека таа одбила да ги помине безбедносните проверки на скопскиот Аеродром. ДУИ дури и решија да се извинуваат и да бараат прошка во име на цела држава. Инаку, премиерите на двете држави не гледаат никаков голем скандал. Албин Курти кажа дека станувало збор за непријатно искуство, кое нема да ги наруши дипломатските односи меѓу Македонија и Косово. Инаку, членот на обезбедувањето на собранискиот спикер Африм Гаши, кој се појавил на скопскиот Аеродром, заработи кривична пријава од МВР и суспензија до крајот на судскиот процес.

Матеја Петровски