Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

СДСМ: Дали телохранителнот на Мицкоски, Бисовски е ослободен за да биде унапреден во Командир на тигрите!?

– Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот Тошковски го премолче последниот скандал во МВР и неговата одлуката да го ослободи телохранителот на Мицкоски кој тепаше полицаец. Срамна е вчерашанта реакција на МВР во која се вели дека Бисовски бил ослободен заради тоа што тепаниот полицаец не сакал да тужи. Оваа лага денес ќе ја демантираме со нови информации за тоа која е вистинската причина за ослободување на Бисовски, на прес-конференција истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Бидејќи Тошковски не сакаше да каже СДСМ ќе ги објави информациите кои се доставени до нас од свиркачи. Според овие информации целата операција е политички водена од врвот на МВР и Мицкоски, а крајната цел, е телохранителот на Мицкоски да биде унапреден во Командир на специјалната единица Тигар. Доколку останела дисциплинската постапка и Бисовски бил казнет, тоа немало да биде возможно. Целиот план е ова да се случи во три фази, првата е ослободување на Бисовски од одговорност која веќе е завршена. Втората фаза е негово поставување на позиција самостоен инспектор која е во тек. Денес го прашуваме Тошковски, дали пред неколку дена е распишан оглас за самостоен инспектор токму за Бисовски? Доколку Бисовски биде избран на овој оглас ќе се потврди целата шема која е договорена и се реализира. Следната и последна фаза требало да биде негов избор за Командир на САЕ Тигар. Ова е класичен случај како се ослободува од вина, се заташкува случај за некој да се унапреди по партиска линија. Наместо професионализација, во МВР се случува партизација од најдолен вид. Апелираме дека партаизација на овој начин, со лице кое е виновно за напад на полицајци, кое е телохранител на Мицкоски под чиј диктат се прави целата ооперација, е најбрутална партизација на клучните безбедносни единици во државата. Им порачуваме на Тошковски и Мицкоски итно да се повлечат од оваа идеја и во професионална постапка да изберат професионални и чисти кадри на раководни позиции во МВР. Оваа брутална партизација со тепачи и телохранители е доказ дека ВМРО-МВРО е единствената цел на Мицкоски. Со Тошковски и ДПМНЕ нема правда ниту одговорност а полицијата е сведена на инструмент за политички цели а не во служба на граѓаните“, истакна Кузеска.