Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

СДСМ: Чиста лага е дека во време на СДСМ имало злоупотреби на ИПАРД-програмите и дека незаконски се набавувала пченица

Чиста лага е дека во време на СДСМ имало некакви злоупотреби на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Чиста лага е дека во време на СДСМ имало некакви злоупотреби на ИПАРД програмите ниту пак дека незаконски се набавувала пченица, наведува СДСМ во соопштение. Кујната за лаги во Белата палата со истите рецепти на Груевски ги брани криминални шеми на ДПМНЕ за ИПАРД

Кујната за лаги во Белата палата со истите рецепти на Никола Груевски ги брани криминалните шеми на владата на Мицкоски и ДПМНЕ. Тоа се рецептите за спинување, извртување на вистината и интензивно лажење, додека се краде народот на големо преку наместени тендери.

Чиста лага е дека во време на СДСМ имало некакви злоупотреби на ИПАРД програмите ниту пак дека незаконски се набавувала пченица. Ама криминалците од ДПМНЕ се фатени живи како  крадат, не само македонски туку и европски пари. Затоа посегнаа по рецептот на Груевски, други да обвинуваат за нивниот криминал.

Реклама

Скандалот со злоупотребите на ИПАРД средствата е оваа година и води директно до Трипуновски и кумовските врски на Мицкоски.  Скандалот со 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, исто така води до врвот на власта на Мицкоски.

Граѓаните не се слепи, гледаат и знаат се. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијаков со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните. Исти ликови исти шеми. Иста банда на ДПМНЕ! Нема да застанеме. СДСМ ја започна борбата против корупцијата и криминалот на власта и продолжуваме. Новите бомби се спремни. Работата се уште не е завршена.