Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Прилози

СДСМ без компас- се однесуваат како опозиција во Србија, а не во Македонија

СДСМ како целосно да го загуби компасот. Последниов период со партиската реторика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ како целосно да го загуби компасот. Последниов период со партиската реторика повеќе наликуваат на опозиција во Србија отколку во Македонија. Во денешното соопштение, повторно се занимаваат со политичката состојба кај северниот сосед.

Главна тема е српскиот претседател Александар Вучиќ. Според социјалдемократите тој до вчера го фалел претседателот на САД Доналд Трамп, а сега по апсењето на првиот човек на Венецуела, Николас Мадуро, директно го напаѓал, и лично и преку специјална координирана програма на своите медиуми.

-Сето ова се случува поради паниката на Вучиќ дека тој може да биде следниот на листата на американски санкции за корупција и криминал.Американскиот претседател Трамп најавува понатамошни акции во светот, нагласувајќи дека Колумбија е следна на ред поради обвинувања за „кокаински фабрики“ и дрога, предупредувајќи го претседателот Густаво Петро да „внимава на себе“.Овде не е крајот, очигледно постои некоја подолга листа, пишуваат од СДСМ.

Реклама

Дел од соопштенијата на СДСМ со одредени граматички грешки наликуваат како лошо преведени од друг јазик. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека станува збор за чаршаф текстови пратени од Белград, а напишани од екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија. Од владејачката партија велат дека ова го прави Венко Филипче опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија. Потенцираат дека лидерот на СДСМ со златна виза од Дубаи, бизниси и сметки во Бугарија и политички ментори од Србија, со старател Заев, не може да биде иднина на оваа држава.

-ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани. Но опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ. Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче на политичката сцена ја води СДС кон сигурно исчезнување и пасокизација, што е избор со кој ние не сме среќни, но е пат кој тие самите го одбрале, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку СДСМ последниов период се како во некој лов на вештерки, па покрај за политичката сцена во Србија, влегоа во отворени лични пресметки со новинари и свои членови, поранешни видни партиски функционери. Поради критики кон работата на актуелното раководство, побарано е исклучување од партијата за Јован Деспотовски, кој му беше против кандидат на Филипче за лидерската позиција во партијата. На партискиот претседател на му се допадна ниту тоа што поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов побара оставки во партијата, па го обвини дека одработувал за други политички центри.

На пр службата на Бихаќка не и се допаѓаа ниту критиките од уште еден поранешен градоначалник, оној на Центар Саша Богдановиќ. Велат дека за пари ги продал партијата и бил одработувач на Александар Вучиќ во Македонија. Социјалдемократите преку низа соопштенија секојдневно се занимаваат и со работата на новинарот Бранко Героски, односно неговите текстови за работата на партиското раководство.

Матеја Петровски