Реклама
Македонија

СДСМ: Ако Владата се откаже од криминални тендери, ќе има пари за минимална плата од 600 евра

Ако Владата се откаже од криминалните тендери, ќе има пари за минимална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако Владата се откаже од криминалните тендери, ќе има пари за минимална плата од 600 евра, реагираат од СДСМ.

Само треба да ги смени приоритетите. Наместо алчност за пари и криминални тендери, да помисли на работниците. Наместо системска кражба – социјална правда. Податоците се немилосрдни: трошоците за живот постојано растат, а минималната плата стагнира. Две минимални плати не се доволни за еден просечен семеен буџет. Владата го знае тоа – и свесно одлучува да не направи ништо за работниците, да тера со тендерите. Изборот е нивен. Одговорноста исто така“, се наведува во реакцијата од опозициската партија.