Реклама
Прилози

СДСМ ќе поднеселе нова кривична против ТВ Алфа: Филипче девет дена не проверил дали му е оригинал златната виза, одговор бара од нашиот медиум

СДСМ индиректно призна дека златната виза на Венко Филипче е автентична. Им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ индиректно призна дека златната виза на Венко Филипче е автентична. Им требаа девет дена да смислат каков таков одоговор за скандалот со Емиратите и да смислат нова закана до нашиот медиум, бараат да кажеме дали документите се оригинал или не, иако во секој случај ќе поднеле кривична пријава против Алфа.

Доколку документите не беа вистински, зошто би ја правеле целата драма, нека тужат веднаш за објавување наводен фалсификат. Но, бидејќи очигледно немаат основа за тоа се закануваат и со кривична за објавување на лични податоци.

Тоа е и помалку чудно бидејќи сите податоци кои се приватни согласно законот за лични податоци беа сокриени, а Филипче е јавна личност, поранешен министер и сегашен претседател на партија, која се самопрогласува за најголема опозициска.

Реклама

-Бидејќи Алфа ТВ објави документи за претседателот Филипче им даваме рок од 24 часа да излезат пред граѓаните и да одговорат:Дали документите и визите се фалсификувани? Или се автентични и оригинални?И најавуваме веднаш.Доколку се фалсификат ќе заработат кривична пријава за објавување на лажни податоци.А доколку се автентични тогаш ќе следува пријава за злоупотреба согласно Законот за заштита на личните податоци, изјави членот на ИО на СДСМ, Петар Огњеновиќ.

И покрај сите осуди за нападите кон Алфа, СДСМ продолжува по  старо, што е целосно спротивно на европските вредности и принципи. Пред најавата за новата кривична, самиот Филипче на платформата X, повикувајќи се на наслов за најава на некакви акции во Унгарија против медиуми, реши повторно да ја нападне Алфа.

-Што ќе речат сега:Алфа ТВ, нивните портали, Бетмен, Ивона, Латас, Герo, МАН… и останатите соучесници? На крајот најмногу ме интересира што ќе каже шефот на мафијата – Мицкоски? Изгледа дека доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста.  Овие наши „патриоти“ ќе мораат да полагаат сметка!!, напиша Филипче на „Х“.

Инаку на темата виза, Филипче уште лани се демантираше самиот себе. Прво немал, па имал зошто бил доктор, за после да биде објавено дека била за да биде извршен директор во Дубаи. На 25-ти април 2025-та прво немаше.

-Немам виза која што е поврзана со инвестиции, немам виза која што е поврзана со недвижнини, немам илјадници евра, немам сметки, немам виза која што е поврзана со милиони, авиони, камиони, едноставно имам само виза која што ми овозможува да патувам, изјави Филипче на 25-ти април 2025-та.

Замо две недели подоцна да каже дека имал, но ја добил бидејќи бил стручен како доктор и неврохирург, па преговарал за работа во болница во Дубаи.

-Пред периодот да се кандидирам за претседател на партијата, односно претходно пратеник, бев во преговори со една болница во Дубаи, за работа таму. И добро напредуваа преговорите, дури и завршија една форма на валидација на документите и да тој процес сега практично е ставен на стенд бај, изјави Филипче на 9-ти мај 2025-та.

Инаку, не помина ниту еден месец од првата кривична пријава која СДСМ ја поднесе против Алфа, за наводно нелегално финансирање. Но, тоа не е ништо ново, во владеењето на оваа партија, Алфа секојдневно беше домаќин на финансиските инспектори, кои имаа увид во целата документација за финансиското работење. Нашиот медиум беше жртва и на хајки кои против Алфа ги водеше тогашното СЈО, предовдено од правосилно осудената за криминал Катица Јанева. Но, и при контролите на специјалните обвинители, не беше пронајдена никаква дамка во работењето на телевизијата.

Матеја Петровски