Без пари нема борба со криминалот на богатите – порачува Ненад Савевски владиниот предлог за државен обвинител. Тој во интервју за МИА вели дека парите не се најголемиот проблем, но се услов за работа. Прво нешто што ќе го направи кога ќе го земе кормилото во раце е финансиска конструкција на институцијата и проверка зошто предметите одат бавно и се чуваат во фиока. Савевски ќе проверува дали има кадар и кои се причините за инертноста на обвинителството. Ќе ги чека и на новите измени на Законот за обвинителство.
Она што најчесто се натура како критика на Обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостиг на стручен кадар, на обвинители, дали нестостига помошен кадар за јавните обвинители. Потоа да се прават планови да се види финансиската конструкција, потребите, да се види новиот закон, ако се донесе, како ќе помогне, да почне да се применува. Иако тоа не се некои радикални измени, меѓутоа да видиме каков ефект ќе имаат овие козметички измени за подобрување на состојбите, вели за МИА, Ненад Савевски.
Истрагите за кои јавноста има интерес, Бонусите на СЈО, РЕК Битола, Артан Груби нема да бидат приоритетни, туку ќе се постапува во законски рокови, како за сите останати. Савевски не сака да остава впечаток дека има тенденција за селективна правда. Според него секој предмет е битен и решава човечка судбина, па така сите се во еден кош и ќе добијат еднакво значење.

Секој предмет е важен, во сите предмети се решаваат човечки судбини и судбината на секој од нив е еднакво важна, не може ние да се фокусираме на едни предмети, а да ги запоставиме другите. Токму тоа ми е интенцијата – секој предмет да си добие еднакво значење, вели Ненад Савевски, предлог за државен обвинител
Во неговиот кус разговор за државната агенција тој фокус става на условите кои ги имаат обвинителите. Негова желба е да обезбеди услови за секој еден обвинител да може непречено работи на ефикасен и достоинствен начин.