Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Самостојната изложба на Тијана Митевска  „Чудни гости“ во Паркот на франкофонијата

Во организација на Центарот за современи уметности Скопје во Мобилна/Монтажна галерија (Парк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Центарот за современи уметности Скопје во Мобилна/Монтажна галерија (Парк на франкофонија) вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Тијана Митевска  „Чудни гости“.

Фотографиите се дел од долгогодишно истражување на заборавени пејсажи и маскирани традиции во Македонија и Европа, реализирано преку индивидуална теренска работа како и проектот „Echoes of a Forgotten World“, поддржан од UNESCO CC4WBs, кој ги открива невидливите врски меѓу старите обреди од Итурен до Вевчани и од Науса до долината на Соча.

– „Чудни гости“  – Секоја зима, ширум светот, духови од постари времиња зачекоруваат по улиците, облечени во партали, со глави од слама или животински черепи, и носејќи ѕвона полека се движат низ зимските пејсажи, пеејќи песни од едно далечно сеќавање – пишува организаторот во најавата за настанот. 

Реклама

Во маските и обредите на Стара Европа се појавува нешто необично и туѓо, како да припаѓа на некој друг, одамна исчезнат свет. Сепак, географски оддалечените пејсажи често кријат исти траги. 

Тијана Митевска е фотограф, режисер и истражувач на се што е чудно и несекојдневно. Дипломирала филмска и ТВ режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје и работи како независен автор, создавајќи документарни и кратки филмови, а паралелно развивајќи и сопствен фотографски израз. Последните години нејзиниот интерес е насочен кон културното наследство и зимските маскирани ритуали во Македонија и пошироко во Европа, кои ги истражува и документира низ фотографија.

Изложбата на фотографии „Чудни гости“ е финасиски поддржана од Министерство за култура и туризам на РСМ и Општина Центар.