Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Само прекршочна пријава за Дрин Ахмети: Полниот багажник пиротехника стана седум петарди и 15 огномети

„Пукна“ прекршочна за Дрин Ахмети. По една година полниот багажник опасна пиротехника,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Пукна“ прекршочна за Дрин Ахмети. По една година полниот багажник опасна пиротехника, се сведе на седум петарди и 15 кутии ракети за огомент. За обвинителите ова било мало количество, па  немало причина за кривична одговорност.

-Во однос на кривична одговорност, вешто лице изврши увид и анализа на запленетите пиротехнички средства и детално констатираше поединечно за каков вид на пиротехнички производи станува збор. Согласно извршеното вештачење, во конкретниот случај се работи за 7 петарди и 15 кутии со ракети за огномет, чии испалувања биле евидентирани поединечно, но во суштина се поврзани и претставуваат една целина. За набавката на огнометот пријавениот поседувал фактура од правно лице чија што дејност е продажба на пиротехнички средства, а за изведба на огнометот било ангажирано друго правно лице, велат од ОЈО.

Младиот Ахмети и стана познат на јавноста кога беше откриено дека е сопственик на трговскиот центар „Соравија“ во срцето на Скопје.Тој без вложен денар на свое име поседуваше 39 проценти од трговскиот, а откако случајот почна да се проблематизира се откажа од сопствеништвото. Се бараше отворање на постапка за проджабата на Соравија, но обвинителите решија само да бидат неми посматрачи.

Реклама

По овој скандал се појави и самиот Дрин, а својот чичко Али го прогласи за мотивација.

-Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата“, рече Дрин Ахмети на 26-ти јуни 2023-та година.

И понатаму јавноста сведочеше за нови и нови скандали со кои се поврзуваше тој. Ги покажа и своите претприемачки способности. Од фондот за иновации доби грантови во износ од 82 илјади евра. Дрин се има офајдено и од ЕЛЕМ. Преку два тендери од македонските Електрани добил речиси 90 илјади евра. За добиените грантови, младиот Ахмети стана и случај за антикорупционерите. Поради сомнение за незаконско работење ДКСК тогаш побара разрешување на тогашниот директор на Фондот за иновации Фестин Халили, кој сега се соочува со кривична пријава, поради сомнежи за криминал додека бил на функција.

Матеја Петровски