Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Самитот Economist Meetup во Скопје- Македонските компании се прилагодуваат на современите текови и вештачката интелегенција

Вештачката интелигенција веќе ја менува светската, а и македонската економија –се отвораат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција веќе ја менува светската, а и македонската економија –се отвораат нови работни места, но истовремено се укинуваат голем дел од постоечките. Најголем дел од професиите кои ќе исчезнат се оние со повторувачки задачи и оние во центрите за грижа на корисници.

Сепак, крајниот резултат треба да биде поголема продуктивност, подобар стандард, побрзи и поефикасни услуги, помалку грешки, поголема транспарентност, но само доколку навреме се прилагодиме на промените.

„190 милиони нови позиции глобално ќе се отворат а околу 92 ќе замрат. Следната професија што интензивно че биде барана и ќе се очекува да се знае е дефинитивно таа што е поврзана со дата- дата аналист, дата сајентист, дата администратор.“– вели Валентина Тасева, генералниот директор и сопственик на Семос Едукација.

Реклама

Домашните бизнисмени велат дека новите технологии веќе се дел од нивното работење и оти никој не треба да се плаши од промените.

„Компаниите треба да ја применуваат секаде каде што можат. Не е прашањето дали има некоја стратегија зашто толку брзо напредува како што кажавме па така ако јас почнам денес да работам со вештачката интелегенција, а вие започнете утре никогаш нема да ме стигнете.“– вели Ведран Бајер, генерален менаџер на Wonderful за адриа регионот.

Тие советуваат – како држава треба да работиме на културата на постојано учење, едукацијата на пазарот и на вработените се клучни парааметри за прифаќање на дигитализацијата.

„Нашата улога е да демонстрираме дека финансиската услуга може да биде подеднакво брза, едноставна и логична како секоја современа дигитална апликација.. Значително ја променуваме навиката на нашите корисници од физичко аплицирање кон целосно дигитални процеси.“– вели Бјанка Катру, заменик извршен директор на М Кеш.

„И да сме ние целосно дигитализирани ако целиот систем не е дигитализиран и користи технологија не е доволно за развој на државата пред се…Сајбер безбедноста е една точка на која што апсолутно сите треба да се посветат доколку сакаме побрз развој на технологијата и дигитализција на економијата“– вели Стевчо Ристески, директор за продажба на А1 Македонија.

Надлежните тврдат дека се силно посветени на модернизација и дигитализација. Министерката за финансии вели дека вештачката интелегенција е составен дел од Националната развојна стратегија 2024–2044 која е фокусирана на економски раст, јакнење на конкурентноста и изградба на функционални институции.

„Дигитализацијата значи поефикасни и потранспарентни институции, помалку бирократија, подобра наплата на јавните приходи и пофер деловна средина. Сајбер-безбедноста е предуслов за стабилен и сигурен финансиски систем, а вештачката интелигенција веќе отвора нови можности за индустријата, финансискиот сектор и пазарот на труд“– вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Дигиталната трансформација е една од темите на самитот Economist MeetUp „The World Ahead“ кој деновиве се одржува во Скопје.