Украина и Молдавија почнуваат преговори – Македонија останува со празни раце. Самитот на Европската Унија според експертите покажува две работи – гледано од перспектива на македонскиот граѓанин, дефинитивно се работи за двојни стандарди. Гледано од перспектива на ЕУ – секој си ги брани своите интереси.
Генерален одговор би бил дека тоа се двојни стандарди што ги применува ЕУ, но се што се случува во надворешната политика, знаете не подлежи на стандарди. Стратешки интерес на ЕУ е Украина, има многу вложено. Молдова и Грузија се колатерала но во Украина е многу вложено и не смеат да дозволат Украинците да се почувствуваат изневерени. Гледано од македонски аспект личи на неправда. Но секој си ги гледа своите интереси. Проблемот е што Македонија не се позиционираше, немаше активна дипломатија, ако имате кец во ракав, како што се одлуките на Советот на ЕУ и ОН за правата на Македонците во Бугарија, и ако тоа не го искористите, не можете да ги обвинувате другите – вели поранешниот амбасадор Јован Донев.
Македонија го претрпе вториот Букурешт. На Букурешт 2008 година, жртва, на планот за членство на Украина во НАТО беше Македонија и македонското членство во НАТО. Вчера се разбија сите илузии дека не бил проблемот ниту со Бугарија, ниту со Грција, дека приблемот е многу подлабок – додаде поранешниот амбасадор Ивица Боцевски.

Но, очигледно приоритетите на ЕУ се менуваат во склад со политичката ситуација во околината. Додека Унијата чека да го исполниме она што го ветивме, таа се насочи кон источното партнерство
Се менуваат приоритетите во склад со политичката скитуација во околината. Сега приоритет е источното партнерство, Украина, Молдавија, па сега и Грузија. Нашиот проблем некој вид уникатен, имало повеќе во историјата двојни стандарди, што се однесува на нашите евроинтеграции. Оовј Самит не носи никакво изненадување затоа што се уште е топклата во наши раце бидехќи се имаме согласено на некои услови што мора да ги исполниме. Не би рекол дека има единствен пат, сме имале многу повеќе сопки, со Грција и Бугарија но условите се дека треба да имаме добри меѓусоседски односи. Не би го нарекол диксриминација но дефинитивно менување на целите и условите, се случувало кај нас затоа и трпиме – вели извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски.
Гледате дека, кога се сака нешто се може. Орбан излезе и 26 членки се согласија. Тоа не значи дека одма ќе станат членки, но тоа е голем чекор за кој Македонија се бори многу долго време. малку е чудно, но гледаме дека политичките фактори се оние фактори кои најмногу влијаат за тоа како ќе се одвива пристапот кон ЕУ. Без разлика што на крајот ќе треба да ги исполнат тие критериуми, но тоа знаеме дека е малку под наводници, бидејќи има земји кои не ги постигнаа тие критериуми, па сепак се членки – вели поранешниот амбасадор, Ѓорѓи Филипов.
На Самитот падна одлука за доделување статус на кандидат на Грузија. Со Босна и Херцеговина пак, ЕУ ќе отвори преговори кога земјата ќе го постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство. Откако се донесе одлуката за почеток на преговорите на Украина и Молдавија, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека одлуката била „јасен знак на надеж“ за граѓаните на тие земји и за целиот континент. САД ја поздравија одлуката како историска, а Русија пак како исполитизирана која можела да го дестабилизира блокот.
