Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Салиу: Децата мијачи на прозорци на автомобили и нивните семејства ќе се интегрираат во општеството

Обезбедување постојана работа и интеграција на семејствата од ранливите групи, особено од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезбедување постојана работа и интеграција на семејствата од ранливите групи, особено од ромската заедница, ќе елиминира девијантни појави, кои се случуваат на крстосниците во градовите каде деца и возрасни се обидуваат да заработат со миење на ветробранските стакла на автомобилите.

Ова денеска во одговор на новинарско прашање го истакна министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу.

Преку иницијативи за преквалификација и законски измени, министерот нагласи дека во координација со Министерството за труд и социјална политика и други надлежни органи, се планира креирање услови за вклучување на родителите на овие деца во нормалните работни процеси.

Реклама

– Има една кинеска поговорка која вели „На сиромавиот не му давај риба туку дај му јадица да ја лови“. Мораме да им обезбедиме на тие лица односно на родителите на тие деца постојана работа да не доаѓа до тие девијантни појави и да не ги пенализираме сѐ додека не им овозможиме можности да се вклучат во интегративните процеси на државата, односно во нормалните работни процеси – истакна Салиу.

Тој најави дека до Владата ќе поднесат иницијатива, бидејќи, според него, има начин како да се отстрани оваа, како што ја рече, девијантна појава.

На прес-конфернцијата, министерот Салоу во отчет за сработеното во изминатата година оцени дека се отворени патиштата за директна системска интеграција на Ромите во сите сфери во живеењето. Најголеми постигнувања, според него, има во интегрирањето во образованието, а се работело и на пристапот до здравствени услуги и конкретни проекти насочени кон обезбедување пристапно и достојно домување.