Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја поздрави расправата во Европскиот парламент по извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес – соопштуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања. Во рамките на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја поздрави расправата во Европскиот парламент по извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес – соопштуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања.

Во рамките на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран проширување на Европската Унија.
 
– Ова е значајна порака што доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме оваа доверба – изјави Сали.
 
Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес.
 
– Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор, кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство – истакна тој.
 
Во однос на сите прашања разгледувани во рамките на извештајот, Сали нагласи дека Северна Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.