Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Економија

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

Македонски производители на земјоделски производи денеска се дел од Саемот на храна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски производители на земјоделски производи денеска се дел од Саемот на храна којшто под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ се одржува во Скопје. 

На повеќе штандови, поставени во Градскиот парк, може да се вкусат квалитетни земјоделски производи од домашно производство од вино, природни сокови, мед, сирење, млеко од магаре….

– Овој саем ја отсликува македонската историја, место каде традицијата станува поблиску до секој граѓанин. Денеска тука можете да го вкусите вистинскиот, автентичниот, традиционалниот вкус на македонската храна. Токму оваа храна е произведена на нашите полиња и преработена од рацете на македонските земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на отварањето.

Реклама

Порача дека домашната храна не претставува тренд, туку дека таа е наше наследство и дека во време кога светот се враќа кон автентичноста и кон природното, државава ги има сите предиспозиции за да биде лидер во производството на квалитетна и традиционална храна.

Осврнувајќи се на кампањата „Македонско најдобро“, Трипуновски рече дека заклучно со октомври регистрирани и верифицирани се вкупно 272 корисници од кои 121 се земјоделски производители, 40 преработувачи и 111 продажни места.

– Токму оваа бројка говори за заинтересираноста на земјоделците и преработувачите да се вклучат во кампањата и да се доближат до купувачите и да им понудат квалитетен производ.

Саемот го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.