Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Рускиот претседател Владимир Путин на средба со кинескиот лидер Џипинг

Војната на Блискиот Исток, блокадата на Ормутскиот теснец која предизвика нестабилност на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Војната на Блискиот Исток, блокадата на Ормутскиот теснец која предизвика нестабилност на глобалниот пазар за нафта и гас, како и војната во Украина беа дел од темите на раговорот Путин-Џипинг во Кина. На вториот ден од посетата рускиот претседател нагласи дека Русија останува „сигурен снабдувач со енергија“ во услови на војна.

„Пред 25 години, нашите земји го потпишаа Договорот за добрососедство, пријателство и соработка – документ кој и денес е основа за развој на односите. Дури и во сложени надворешни услови, економската соработка бележи стабилен и динамичен раст. Русија останува сигурен снабдувач со енергија, а Кина одговорен партнер. Нашата соработка има стабилизирачка улога во меѓународните односи и се развива во индустријата, земјоделството, транспортот и високите технологии“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.


Шји нагласи дека моменталната меѓународна ситуација е „сложена и нестабилна, со растечка еднострана доминација“. Истакна дека во време на зголемена нестабилност е потребна тесна стратешка соработка меѓу Пекинг и Москва. Тој оцени дека ситуацијата на Блискиот Исток е во „критичен момент“ и дека прекинот на непријателствата е „императив“, предупредувајќи дека повторно разгорување на конфликтот би било „неприфатливо“.

„Во денешниот свет, каде што се забележуваат растечки еднострани пристапи и поделби, неопходно е да се зајакне соработката меѓу големите сили. Како постојани членки на Советот за безбедност на ОН и важни светски сили, Кина и Русија треба да усвојат „долгорочен стратешки поглед“ на соработка за да обезбедат порамноправен меѓународен поредок“.

Реклама

Дополнително, поради западните санкции и војната со Украина, Русија станува сè позависна од Кина за трговија и технологија.

Двете страни се обидуваат да обезбедат нови долгорочни енергетски, вклучително долгоодложуваниот гасовод „Моќта на Сибир 2“, проект што Москва го смета за клучен за враќање на изгубените европски пазари по инвазијата на Украина. Посетата на Путин доаѓа во период на зголемени тензии меѓу светските сили и само нелколку дена по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг. Аналитичарите тоа го оценуваат како политички блок против САД од страна на двете земји.