„Ало… Алооо. Тука Грета. Здраво Грета. Зоран Заев тука. Задоволство ми е што зборувам со тебе. Фала ти“.
Зоран Заев се најде на врвот на листата наивни политичари насамарени од познатите руски пранкери Вован и Лексус. На гостување во подкастот кај познатиот блогер, Аретми Лебедев, двајцата Руси го нарекоа поранешниот премиер, херој на нивните шеги и го прогласија за најглупав од сите политичари.
Открија дека цела година не го објавиле телефонскиот разговор со него и дека Заев им поверувал мислејќи дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко , како и со шефот на НАТО, Јен Столтенберг. Со нив зборуваше за влијанието на Русија во Македонија, за референдумот, за автокефалноста на Македонската православна црква, при што лажниот Порошенко го убедува премиерот дека автокефалноста може да се добие со поткуп од 100.000 евра за вселенскиот патријарх Вартоломеј, а разговараат и за Косово и за Србија. Поранешниот македонски премиер испраќал и фотографии од средби со други политичари, мислејќи дека навистина комуницира со Порошенко.

Дека телефонските разговори не се автентични разузнавачките служби тогаш дознаа откако беа објавени јавно. Биле преземени безбедносни мерки и бил променет тетелфонскиот број на екс премиерот. Но и покрај тоа шегите на негова смета продолжиле. Пранкерите го откриле новиот број и успеале повторно да го измамат. Пред четири години беше објавен разговор од 8 минути кој го водел екс премиерот со лажната еко активистка Грета Тумберг и нејзиниот татко.
Во разговорот со Заев им зборува за затворање на аеродромите, за легализирање на марихуаната, посета на активистката на Македонија, како и за мигрантите.
„Да бидеш познат не е лесно, но сепак, отворено општество и господинот Сорос не поддржуваат, за проектите кои што ги работиме и помошта е од големо значење“….
Од Кабинетот на Заев тогаш се правдаа дека тој бил жртва на хибриден напад и дека бил многу пософистициран од претходните и иако поранешниот премиер се посомневал во автентичноста на соговорниците, сепак решил да го заврши разговорот..
Мета на руските пранкери беа и Борис Џонсон, Жан Клод Јункер, неколку американски гувернери и конгресмени, како и францускиот претседател Емануел Макрон.
