Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Свет

Рубио: САД не се оддалечуваат од Европа, туку се обидуваат да го обноват старото пријателство

Американскиот државен секретар Марко Рубио на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот државен секретар Марко Рубио на вториот ден од Минхенската безбедносна конференција истакна дека САД не се обидуваат да се оддалечат од Европа туку да внесат нов живот во старото пријателство.

– Сакаме Европа да биде силна. Веруваме дека Европа мора да преживее бидејќи двете големи војни од минатиот век служат како постојан потсетник дека на крајот нашата судбина е и засекогаш ќе остане испреплетена со вашата – наведе Рубио.

Тој ги потенцира долгогодишните историски врски меѓу САД и Европа.

Реклама

– САД и Европа мора заедно да се справат со предизвиците … Но, Вашингтон сака неговите сојузници да бидат силни за ниту еден противник да не се осмели да ги тестира – истакна Рубио.

Тој наведе дека и покрај наводите за крај на трансатлантската ера, тоа не е цел на САД.

– И денеска сум тука за јасно да кажам дека Америка го отвора патот за нов век на просперитет. И дека уште еднаш сакаме да го направиме тоа заедно со вас, наши драги сојузници и наши најстари пријатели – потенцира американскиот државен секретар.

Рубио во говорот се осврна и на миграцијата, која според него ја дестабилизира и Европа.

– Масовната миграција не е и никогаш не била некаков мал периферен проблем. Таа била и продолжува да биде криза што ги трансформира и дестабилизира општествата низ целиот Запад – истакна Рубио, додавајќи оти САД и Европа „не треба да се извинуваат за своето наследство“, а западната култура и историја се „уникатни, препознатливи и незаменливи“.

Тој наведе дека САД, под водство на претседателот Доналд Трамп „повторно ја преземат задачата за обнова и реконструкција“ и бараат сериозност и реципроцитет од пријателите во Европа“.

– Бидејќи ние во Америка немаме интерес да бидеме полицајци и набљудувачи на контролираниот пад на Западот. Не се стремиме да разделуваме, туку да ги оживееме старите пријателства и да ја обновиме најголемата цивилизација во човечката историја – посочи Рубио.

Тој најави и дека САД ќе продолжат да се залагаат за мировен договор во Украина, но мора да се осигурат дека Русија навистина сака да ги запре борбите.

– Не знаеме дали Русите се сериозни во врска со завршувањето на војната. Тие велат дека се. Ние ќе продолжиме да проверуваме – наведе Рубио, додавајќи оти не верува дека е можно Русија да ги постигне своите првични цели во војната во Украина.