Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Кој и зошто ја опустошува Јабланица ?

Со децении на диво се сечат и безмилосно се пустошат шумите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со децении на диво се сечат и безмилосно се пустошат шумите на Јабланица.Жителите од подјабланичките села уште лани побараа помош од сите надлежни институци укажувајќи им дека се манипулира со добиените дозволи за сечење на дрвото,бидејќи како што велат, постојат случаи на сеча на приватни шуми на веќе починати сопственици.Алармот го влучија и од граѓанска иницијатива Охрид СОС.

Јабланица непрекинато се опустошува, со години. За ова се реагира од повеќе страни, но нејзините уништувачи не престануваат. Иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк сè уште чека во некоја фиока, иако беше поддржана од општината и од други државни институции.”велат од Охрид СОС

Од охридската подружница на Македонски шуми велат дека оваа година поднеле околу 10-тина пријави за нелегана сеча и во охридскиот регион.

Реклама

 Нелегалната сеча секако зема замав затоа што е атрактивна цената.Да речеме денес ќе украдите 1 кубик дрва и заработувате 50 евра што како дневница да речеме ви е топ.Во една прилика еден познат научник кажа ако сакате да уништите еден народ уништите му ја шумата”-вели Славчо Голабоски-директор на Македоски шуми,Охрид

 Пустошењето на шумите е најголемиот организиран еколошки криминал во Македонија,поврзан со корупција и перење на пари,велат експертите.

Значи добивате дозвола за еден камион, а поминуваат со иста таква дозвола уште 10 камиони и тука е тој спој на корупцијата и шумската мафија.Значи за што е добиена дозвола, а колку со таа дозвола е направена сеча и колку се продадени и тука се остваруваат енормни финансиски сретства.Но како сето тоа ќе се докаже сечењена шума, каде завршуваат парите? Е тоа е еден од најгорливите проблеми.Сега се повеќе ги потенцираме финансиските истраги се со цел да видиме каде завршуваат парите од овој криминалвели Светлана Николовска-професор на Факултетот за безбедност

Дрвната маса наретко завршува на Косово, но многу е важно како се доаѓа до таа дрвна маса, како и со какви дозволи се извезува.Експертите предлагаат формирање на посебен оддел во МВР каде инспекторите би се занимавале само со криминалистички истраги на овие кривични дела. Сугерираат и казните во сферата на еколошкиот кримнал кои сега завршуваат со условна осуда и благи парични казни, да бидат поригорозни и да се врши целосна конфискација на имотот со кој располагаат.

Росица Голабоска