Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Рокас: Германско-францускиот нон пејпер е обид за забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. – Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват.

– Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите потребни постапки за пристапување на Западен Балкан во Европската Унија – изјави евроамбасадорот Рокас, кој денеска заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изврши увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос.

Во француско-германскиот нон пејпер презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, што го објави порталот „Нова.рс“, Европската комисија е повикана да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори и поцврсти врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување.

Реклама

Во документот, со наслов „Нов поттик за проширувањето во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан (5 јуни 2026) и самитот ЕУ – Молдавија (22 јуни 2026)“, се оценува дека „проширувањето останува една од најпривлечните понуди и највлијателни политички алатки што ги поседува Унијата“.

– Но на политиката на проширување ѝ е потребен нов поттик. Претстојните самити со Западен Балкан и Молдавија претставуваат можност што не смееме да ја пропуштиме. Нашата заедничка цел е да ја заокружиме Унијата како вистинска Европска Унија – се наведува во текстот.