Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Роглева: Богданци заслужува промени, 8 години беа потрошени залудно

Два мандати на локална власт во Општина Богданци се потрошени залудно, години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два мандати на локална власт во Општина Богданци се потрошени залудно, години наназад гледаме само застој, негрижа и неодговорност, еве неколку примери за тоа, рече на денешната прес-конференција, Анила Роглева, од ВМРО-ДПМНЕ.

Во општина Богданци со буџетски средства за замена на водоводна мрежа се прекопаа буџетските средства потрошени за реконструкција на улици веднаш по завршувување на нивната реконструкција. 20 милиони денари се потрошија за дефектни реконструкции на кров на ООУ Петар Мусев Богданци, за училиштето пак да е затворено заради претовар на кровнаконструкција, а наставата се одвива во алтернативен објект. Јавното комунално претпријатие генерира загуба во последните 5 години од преку 200.000 евра, сето тоа придружено со покачени тарифи за водоводни услуги и ѓубретарина. Локалната економија претрпи сериозен удар, затворена е најголемата текстилна фабрика во Богданци со 330 вработени, затворена е најголемата странска инвестиција од 20 милиони евра во област земјоделие со 150 вработени, затворена е и филијалата на најголемата банка поради стопанска неактивност. Станавме општина со најголем број на кривични пријави за локална корупција, општина во која јавната и партиската политика се едно. Од економски стабилна општина, станавме општина во која населението се иселува, преку 100 купопродажни договори се реализирани во соседни општини за стамбени и бизнис објекти, едно населено место од 250 жители ни мигрираше од село во град само во последните 8 години поради неажурирана урбанистичка документација. Време е за промени, за нова енергија и нов пристап кој носи резултати. Во следниот период мора да работиме на урбанизацијата, подобрување на локална инфраструктура,градење на професионална и ефикасна администрација, обезбедување на услови за постоечките и влез на нови инвестиции и искористување на компаративните предности. Проектите ќе ни бидат насочени кон реално подобрување на квалитетот на живот во општина Богданци. Да ги мотивираме младите да останат и тука да ја градат својата иднина, посветено да работиме на мерки за интеграција на пензионерите и ранливите категории на граѓани. Во соработка со централна власт да ги реализираме клучните приоритети од регионално и национално значење, истакна Роглева.

Имаме конкретен план, со јасна визија и силна заложба, нудиме перспектива за подобар живот, нудиме достинство за секој еден жител на општина Богданци. Заедно да изградиме општина со која сите ќе се гордееме. Заедно да ги изградиме темелите на промените, додава Роглева.