Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Родителски протест: Старатели по разводот треба да се двајцата родители, итно да се смени законот

Децата во Македонија се жртва на систем кој не води гружа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децата во Македонија се жртва на систем кој не води гружа за семејни вредности, бидејќи по развод, дури и ако се договорат родителите за заедничко старателство, нашиот закон тоа не го предвидува, реагираат граѓанските организации. Па така, постои поделба на родителите – на старател, кој има целосни родителски права и родител во отсуство, кој практично нема право врз развојот на детето. Граѓанските организации излегоа на протест пред владата, од каде порачаа дека македонскиот закон што ја регулира оваа проблематика е од 70тите, најстар во регионот и крајно дискриминаторски.

  • „Ние сакаме да го спречиме овој тренд, детето да не го губи сопствениот родител без потреба. Ако има добра причина едниот родител да не го гледа детето, тоа да го прави судот, а не центарот за социјални работи како што е сега. Јас можам да дадам изјава против жената и центарот постапува само по таа изјава.“ – Порача претседателот на здружението „Наши“, Сашо Панговски.

Оттаму велат дека вака поставениот закон, за жал, овозможува поради лажни изјави да се одзема старателство. Изјави се даваат во социјално, каде нема одговорност за кажаното, наместо во суд,

  • „Децата се одземени од едниот родител, додека еден од нив не ги добие согласно решение издадено од центарот за социјално, само тој родител има право на тоа дете и решението кое што го издава, ги доверува децата само на еден родител, а не на двајцата.“ – Истакна родителката Ивана Коцева.

Борците за еднакви родителски права велат дека група професори веќе имаат подготвено нов предлог закон, но се уште е далеку од собраниска процедура.

Реклама
  • „Она што ние се залагаме, е да отидеме навистина напред со законодавството, да го израмниме со западните законодавства, каде што заедничкото родителство е прва опција за родителите и се отстапува од таа опција само ако има цврсти докази зошто едниот или двајцата не се подобни за такво, за заедничко родителство“ – Изјави Наум Рибарски од здружението наши.

Од протестот порачаа и дека се неопходни проверки и судски утврдувања на одговорноста за лажни изјави. Па порачуваат дека така ќе има вистинска правда, но и повеќе среќни деца во Македонија.

Никола Цветкоски