Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

РКЕ донесе нови правила за кибербезбедност во енергетскиот сектор

Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со новите правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, стопанството и националната безбедност.

Правилата ќе важат за МЕПСО, „Електродистрибуција“, МЕМО, снабдувачите за електрична енергија, големите производители (200 MW), операторите на складишта со електрична енергија (50W), НОМАГАС, операторите за дистрибуција на гас („Куманово гас“, „Струмица гас“ и ТИРЗ) и операторите на постројки за производство на водород или биогас.

Реклама

Станува збор за подзаконски акт усогласени со европските стандарди преку чија имплементација ќе се зајакне заштитата на енергетскиот систем на државата од кибернапади и технолошки ризици.

Новите правила предвидуваат протоколи за управување со ризици, инциденти и кризи, како и протокол за известување во случај на значајни кибербезбедносни напади, план за закрепнување, обуки за подигање на свест.

Енергетските компании, кои управуваат со критичната инфраструктура, треба за триесет дена да назначат посебен службеник, за шест месеци да формираат тимови за кибербезбедност, а за една година имаат обврска да направат процена на ризици, план и закрепнување во случај на кибернапад, како и систем за резервни копии.

Од РКЕ посочуваат дека новите правила се целосно нов регулаторен модел, кој од техничка киберзаштита преоѓа во управување со национално-критичен ризик.