Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Ристовски најави големи инвестиции за кревање на македонскиот спорт

Не тргнуваме од нула, тргнуваме од минус два. Македонскиот спорт, кој пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не тргнуваме од нула, тргнуваме од минус два. Македонскиот спорт, кој пред само неколку години носеше европски титули, во моментов е оставен во кататрофална состојба, пред новото Министерство за спорт следи тешка работа.

Министерот Борко Ристовски во отчетот за првите 100 дена, вели дека имаат јасна визија и проекти за повторно враќање на сјајот на македонскиот спорт, но и ревизија за злоупотребите од претходната власт од претходната власт, за што кривична пријава доби поранешниот директор на АМС Дарко Каевски.

-Затекнавме нефункционална институција, со покренати обвиненија за корупција поради неправилностите во работата на поранешната Агенција за млади и спорт, за што постојат и обвиненија. Затекнавме фиктивни национални спортски федерации, без активности кои што добивале државни пари. Затекнавме нарушени односи, незадоволни спортисти, девалвирани репрезентативци, олимпијци без норми, изјави Ристовски.

Реклама

Главната цел е унапредување на спортската инфраструткура, бидејќи според Ристовски таа насекаде низ Македонија е во катастрофална состојба, а е главен услов за развојот на младите спортисти.

Само во првите три месеци за врвниот спорт исплатени се 83 милиони денари поддршка за федерациите и клубовите, кои имаат меѓународни настапи.

-Обезбедивме 550 милиони денари за исплата на државните субвенции во спортот, средства кои од претходната власт беа ветени за т.н. ваучер систем, но воопшто не беа буџетирани, односно не биле планирани да бидат исплатени. Важно е да нагласам дека овие средства, ќе бидат доделени на транспарентен начин, со јасно дефинирани критериуми и процедури, за да осигураме дека поддршката од државата стигнува до оние клубови и федерации, поединци кои навистина ја заслужуваат, изјави Ристовски.

Ристовски откри и дека е постигнат џентмленски договор, спортските легенди повеќе да не ги рекламираат брзите кредити, обложувалниците, казината и секаков вид на игри на среќа.

-Горан Пандев повеќе нема да спортска кладилница, што и да е тоа. Иџе повеќе нема да го рекламира тоа што го рекламира. Кирил Лазаров му престана и нема да го продолжи договорот со ВЛТ, кој што ги рекламираше казината и кладилнците. Многу набрзо овие личности ќе ги видите од другата страна, како промовираат вистински вредности, изјави Ристовски.

Покрај професионалниот Министерството за спорт, целосно ќе го поддржува и аматерскиот и масовниот спорт. Ристовски кажа дека веќе оваа година биле поддржани Охридскиот пливачки маратон, европската недела на спортот, а Министреството од оваа година е генерален покровител и на скопскиот маратон.

Матеја Петровски