Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Ристовски: Долговите кон судиите ќе бидат исплатени – кошарката треба да продолжи!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, изрази силна поддршка за продолжување на прекинатото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, изрази силна поддршка за продолжување на прекинатото кошаркарско првенство, истакнувајќи ја важноста на судиите и делегатите, кои одлучија да штрајкуваат поради неисплатени долгови од КФМ, за време на целиот натпреварувачки процес.

На средбата со претседателот на Судиската организација, Алија Феревски, и комесарот за натпреварувања, Александар Милојевиќ, министерот упати јасна порака дека институциите се подготвени да преземат конкретни чекори за стабилизација на ситуацијата.

„Како министер за спорт, целосно ја разбирам и поддржувам важноста на судиите и делегатите и ги уверувам дека сите заостанати обврски ќе бидат подмирени во најбрз можен рок“, изјави Ристовски.

Реклама

Тој нагласи дека Министерството е свесно за предизвиците со кои се соочува македонската кошарка и дека продолжувањето на првенството е во интерес на сите – играчите, клубовите, публиката и спортот воопшто.

„Во интерес на кошарката и спортот е натпреварите да продолжат во атмосфера на доверба и исполнување на меѓусебните обврски на сите чинители во кошарката“, истакна министерот.

Од Министерството нагласуваат дека остануваат посветени на следење на ситуацијата и поддршка на конструктивен дијалог меѓу сите страни, за да се надмине застојот и се овозможи фер и регуларен натпреварувачки процес.