Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ристевски: Во СДСМ владее очај, страв и паника од распад на партијата

Нови поделби во СДСМ, лидерот бара потписи за лојалност, а се исклучуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови поделби во СДСМ, лидерот бара потписи за лојалност, а се исклучуваат долгогодишни членови и функционеринаводно поради наводна соработка со власта. Хаосот во СДСМ продолжува, а повеќе од очигледно е дека постои поделба на крила кои се за, но и против политиките на лидерот Венко Филипче. Последната информација дека Филипче барал потписи за лојалност од пратениците на СДСМ, го отсликува само очајот, стравот и паниката од распад на партијата, коментираат дел од политичките аналитичари.


„Очаен потег. Порано на друг начин се решаваш е ова. Тие меници беа ако се нашуштат политиките на субјект, сега дали ќе функционира не знам. Ова е самопотврда пред гласачите, ние се обидуваме да ги поправиме нештата, но луѓето не саботираат од внатре“, вели Ристевски.


Потписите на пратениците се реакција откако во јавноста проструи информација дека постои иницијативата во СДСМ која нема намера да се занимава со лидерството и раководството на СДСМ, ниту со внатрепартиските реформи, туку да ја обедини опозицијата за да ја урне ВМРО ДПМНЕ. Лидерот Венко Филипче обвинува дека иницијаторите на новото движење се координирани од владејачката партија за да ја расцепкааат опозицијата. Додека партијата тоне и на површина излегуваат внатрепартиските конфликти, на Филипче никако не му текнува дека проблемот е агендата на социјалдемократите, подвлекува Ристевски. Според него, народот се уште не им ги заборавил нивните предавства, а тие наместо да го сменат курсот, со нивните политики одат во пропаст.
Венко му замери и му се закани со исклучување на Шилегов од СДСМ поради неговата најава за иницијатива со луѓе од СДСМ за препуштање на партијата на други луѓе и структури, бидејќи СДСМ оди накај политичко исчезнување.
Пред извесен период од партијата беше исклучен и Јован Деспотовски, поранешен видок функционер во СДСМ кој јавно зборуваше за партијата и потребите од промени во делувањето. Венко, по истиот терк како со Шилегов, го обвини сопартиецот дека соработува со власта.