Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Ристевски: Го очекував ова од Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ остварува проекти во конкретни временски рамки

Државната власт со нов, проактивен пристап кон работата, сигнализира поразлична динамика за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната власт со нов, проактивен пристап кон работата, сигнализира поразлична динамика за новата администрација. Уште на првиот ден по преземањето на функцијата, новоизбраниот премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, придружуван од градоначалникот на Штип, го започна мандатот со поставување на камен темелник на нов клинички центар во источниот дел од земјата, како изградба на нов спортски центар. Дел од заложбите за унапредување на на рекреативната инфраструктура на градот и промоција на поздрав животен стил кај жителите, како и обезбедување напредни медицински услуги во регионот.

Одлучните акции на новата влада не останаа незабележани. Политичките аналитичари велат дека системот на работа во ВМРО-ДПМНЕ секогаш има тенденција за поголема агилност, насочена кон решавање на проблемите на граѓаните.

  • „Очекувано беше ова. ВМРО како систем на организирање, знае да работи и да функционира со крајни рокови за извршување и проктно. Тоа што е зацртано и тоа што го навести новио премиер Христијан Мицкоски. Мене во голема мера не ми е изненадување начинот на фунцкинирање во изминативе 36 часа. Гледаме дека секој од министрите има тенденција и желба да се докаже на терен. Да покаже дека е оперативен.“ – Изјавианалитичарот Александар Ристевски.

Веќе вториот ден по формирање на новото владино мнозинство, се означи почеток на значаен инвестиционен проект и во енергетиката. Изградба на 55 ветерни турбини, со вредност од безмалку 500 милиони евра. Покрај чекор напред во енергетиката, не се изоставени ниту локалните самоуправи. Од владачката партија за утре најавуваат почеток на изградба на нова, модерна детска градинка во Штип. Проект кој е дел од стратегијата за подобрување на раното детско образование и поддршка на работните семејства. Аналитичарите велат дека одлучните акции на новиот владин состав создаваат пример и поттик за тоа, како ќе треба да работат и пониските ешалони во администрацијата

Реклама
  • „Се надевам дека исто така ќе биде и во оној, трет ешалон. Помеѓу директорските позиции, затоа што токму тие се оние кои имаат директен контакт со обичниот народ. Министрите се сликата и огледалото на политичките партии, многу важни, но во основа, контактот со обичниот народ, се локалните раководители, директори и токму ќе ја видиме работата на терен.“ – Додаде Ристевски

Годинава беше година на избори во светски рамки. Како кај нас, така и во многу други земји има ново-формирани влади. Па во споредба со регионот, новата влада во Бугарија беше критикувана поради бавниот одговор кон растечките барања на граѓаните, додека пак во Србија, фокусот по изборите беше насочен кон консолидирање на политичката моќ во земјата.

Никола Цветкоски