Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Ристески: Се додека не се постигне договор во рамки на ЕСС, зголемувањето на минималната плата ќе се пресметува со постојната формула

Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески.

-Знаеме дека синдикатите секогаш настојуваат да се зголеми минималната плата, но еден од главните приоритети на Владата е подобрување на животниот стандард. Ние остануваме на она што секогаш го кажуваме транспарентно, договор да има во рамки на Економско-социјалниот совет каде постои и трипартитен дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и владините институции. Она што ќе го договорат работодавачите и синдикатите, Владата ќе го испочитува. Се додека не постои таков договор, ќе важи постојната формула за пресметка на минималната плата која е донесена со договор меѓу трите страни во ЕСС. Се додека не постои таков договор, има постоечка формула донесена со трипартитен договор и потпис од сите овие три страни во ЕСС и со пресметките од таа формула ќе има зголемување. Ќе каже формулата колкаво ќе биде зголемувањето во март 2026 година, изјави Ристески, одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на Неделата на претприемништвото.

Според него, за да дојде до промена на формулата донесена со трипартитен договор, треба повторно да има интерес кај трите страни кои учествуваат во ЕСС.

Реклама

-Доколку имаат таква можност и потреба синдикатите и работодавачите, ние би излегле во пресрет и за промена на постојната формула. Но, да напоменам дека очекуваме да се договорат, зашто секогаш треба барањата на синдикатите и потребите и интересот на работодавачите да биде синхорнизиран за постојано да ја подобруваме економијата. Ниту еден договор не треба да биде на штета ниту на работниците, ниту на економијата зашто имаме кревка економија и се тоа понатаму влијае врз животниот стандард, економскиот раст и БДП, потенцира заменик-министерот.

Тој напомена дека Владата ќе направи се за раст на економијата и продуктвиноста, за општо подобрување на економската слика и природно да се зголемуваат платите во државата, вклучувајќи ја и минмалната плата.