Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Ристески: Сакаме да направиме поодржлива долгорочна рамка за заштита на животниот стандард

Се работи на сет на мерки кои ќе дадат придонес долгорочно да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се работи на сет на мерки кои ќе дадат придонес долгорочно да се држи степенот на инфлација на пригодно европско стандадрно ниво. Во нивната изработка покрај Министерството за економија и труд се вклучени и сите релевантни институции како што се Министерството за земјоделство, Царинската управа, Министерството за финансии, Народната банка, најави вечерва заменик министерот за економија и труд Маријан Ристески.

-Се прават големи анализи за заштита на животниот стндард, односно за цените поврзани со исхраната. Врз основа на тоа очекуваме во иднина да се донесат поквалитетни мерки од Владата, бидејќи за долгорочни мерки е неопходна опсежна анализа која се прави во моментов. Сакаме да направиме поодржлива рамка за заштита на животниот стандард која би била долгорочна. Гледаме дека во одредени сегменити на храна има манипулации и изигрување на пазарната логика и таму каде што анализите ќе ни покажат дека има такви манипулации ќе одиме со мерки кои нема да бидат краткорочни, туку догорочни за да не ни се случи по два месеци повторно да имаме зголемување на цените, рече Ристески.

Тој посочи дека проблемот со цените на храната е глобален и додаде дека главната цел на Владата е да ја задржи инфлацијата на пониско и задоволително ниво и да ги стабилизира цените кои имаа големи флуктации во изминатиот период. 

Реклама

-Минатата година направивме неколку одлуки и мерки на Владата со кои имавме одредено стабилизирање на инфлацијата, но одма после мерките имавме повторно зголемување на цените и мало придвижување на инфлацијата. Затоа со добра анализа на мерки кои би следувале ќе гледаме да направиме подолгорочен ефект на стабилизирање на цените и да се држи степенот на инфлација на ниско ниво, потенцира Ристески. 

Со нови квалитетни и издржани мерки, додаде, ќе им се укаже на сите чинители во синџирот на снабдување со храна да не се изигруваат пазарните правила на игра, зашто ако го направат тоа ќе следуваат подолгорочни мерки од шест месеци до една година.