Денеска заедно со мојот тим извршив увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“, се вели во соопшптението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува изјава од Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод.
Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација. Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица.
Продолжуваме повторно заедно!
