Реклама

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Македонија

Ревизорите открија системски пропусти и недостиг на средства во судската власт

Според извештајот, одобрениот буџет за Судската власт за 2023 година не го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според извештајот, одобрениот буџет за Судската власт за 2023 година не го достигнува законски утврдениот минимум од 0,8% од бруто домашниот производ. Одобрени се само 2.690.800 илјади денари, што претставува 0,3% од БДП, додека износот е намален за 89.906 илјади денари во споредба со претходните проекции.

Ревизорите укажуваат на отсуство на законски одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои извршуваат технички и помошни работи. Дополнително, постојат различни услови за пополнување на истите работни места во прописите што ги регулираат судовите. Ова создава правна несигурност и отежнува постапувањето, па се препорачува итно усогласување на регулативата.

Во извештајот се забележува и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за водење судски депозити, а има неусогласеност во дефинирањето на сопственоста на застарените депонирани предмети, што дополнително ја отежнува ефикасноста на судовите.

Реклама

„Не е донесена процедура за движење на документацијата, ниту пак е воспоставен систем за следење и контрола на сметководствената документација со јасно дефинирани и разграничени надлежности и одговорности,“ стои во извештајот на ДЗР.

Извештајот ги посочува и системските слабости во управувањето со имотот и сметководствените документи. Недостасуваат веродостојни податоци за правото на користење на старата зграда на судот, додека недвижни предмети не се евидентирани поради неизвршено примопредавање. Пописот на имотот не бил спроведен според законските регулативи, а забележани се и ненавремени евидентирања на обврските.

Дополнително, не е воспоставена евиденција за одземените парични средства, скапоцености и други предмети, ниту е извршен попис на истите.

Комисијата за преглед на работењето не спровела целосен преглед на средствата за депозитите за 2023 година, ниту е спроведен надзор над финансиското и материјалното работење.

Ревизорите идентификувале евиденција на судски депозити кои не претставуваат гаранции, туку уплати по други основи. Судот нема податоци за нивниот основ, ниту за статусот на предметите на судските депозити, завршени или незавршени.

Државниот завод за ревизија препорачува надлежните органи итно да преземат мерки за надминување на утврдените состојби, со цел да се подобри транспарентноста и ефикасноста во работењето на судовите.