Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ресорот транспорт е полн предизвици, Николоски е вистинскиот човек да ги надмине

Инфраструктурното поврзување на Македонија преку железничкиот сообраќај и новите автопатишта е најбитната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфраструктурното поврзување на Македонија преку железничкиот сообраќај и новите автопатишта е најбитната карика за излезот на земјава од изолација, а новото предлог име за министер за транспорт и врски е полн погодок, коментираат дел од експертите откако новиот мандатар Мицкоски го најави Александар Николоски за нов шеф во ресорот транспорт.

Автопатот Кичево Охрид, но и брзата железничка линија од Скопје до Ниш што ќе ја поврзе Македонија со Централна Европа е од клучно значење за евроинтеграцискиот пат на земјава, смета аналитичарот Звонимир Јанкуловски. Според него, на ресорот кој ќе го води Александар Николоски потребен му е таков шеф кој во минатото покажал како се менаџира за да се дојде до резултати. Тој очекува работењето на Николоски да донесе и повисок животен стандард за граѓаните.

Аналитичарот Александар Ристевски вели дека позицијата транспорт е дадена на Николоски бидејќи во тој ресор се заглавени милионски проекти, а од досегашниот негов ангажман, токму тој е може да се справи со застајот во ресорот. Уште повеќе што новата влада најавува инстраструктурен бум, коментира Ристевски.

Реклама

Иако Николоски беше меѓународно активен а и е дел од Советот на Европа каде беше известувач за повеќе изборни процеси.

Тој пред 2 години беше избран и за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа.  Бриселската групација, пак, „Пријатели на Европа“ го избраа како еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа.

По објавување на неговото име од страна на Мицкоски, тој се заблагодари за укажаната доверба.

Фејсбук статус на Александар Николоски

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Hristijan Mickoski  за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски.

Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата.

Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!

Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи.

За Македонија!

Сега неговиот работен ангажман ќе треба да се насочи кој заглавените проекти на минатата влада.

Дел од нив е автопатот Кичево Охрид кој 7 години е заглавен, а Владата на СДСМ ветуваше дека ќе го заврши уште пред 4 години. Исто така и заглавената железничка пруга кон Бугарија, како и делниците од автопати за Прилеп, Косово чија градба споро се опдвива со десетици тешки проблеми.

Воедно ќе биде и заменик претседател на Владата каде ќе има влијание и врз процесите кои политички ќе се одвиваат во земјава.

Дел од аналитичарите очекуваат дека Николоски успешно ќе се справи со сите предизвици и Македонија ќе добие инфраструктура од која граѓаните ќе имаат економски бенефит.