Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Рекет: Не снимал само Камчев туку и Кичеец

Боки 13 се заканува ќе се отворела Пандорината кутија, откако денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Боки 13 се заканува ќе се отворела Пандорината кутија, откако денеска во судницата беше пуштен дел од аудио снимките кои ги снимал Зоки Кичеец. Обвинителката Русковска побара јавноста да не биде присутна кога ќе се пуштаат дел од снимките бидејќи биле од приватен карактер, по што и осомничените и нивните бранители побараа медиумите да не ја напуштат судницата.

„Од овој момент ја отворам Пандорината кутија. Барам да не ја исклучувате јавноста и да се види јавно мојот однос со Зоран Милевски и неговата манипулација. Досега не видовме ниту еден доказ туку само сензационализам”, рече пред судот Јовановски.

За јавноста да биде присутна се залагаше и екс специјалната обвинителка Катица Јанева, која негодуваше на предлогот за исклучување на медиумите.

Реклама

„Јас ќе кажам нешто во име на сите од одбраната. Бараме да не биде исклучена јавноста. Цело УСБ од Кичевскиот да се презентира. Да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп, кој е изманипулиран““, рече таа.

Во еден од фолдерите на мемориските стикови од Кичеец, имаше три разговори кои заедно траеја околу час и половина.

Но, снимката која беше пуштена во судница и која според Јанева и Јовановски требаше да открие што всушност се крие зад целиот предмет, за јавноста остана нејасна. Новинарските екипи, освен брмчење на автомобил, отворање и затворање врати, тропање, музика и по некој недоличен и вулгарен збор, не успеаја да разберат ништо друго.

Откако заврши снимката обвинителката Русковска само појасни дека на неа се слушаат гласови на Кичеец, Камчева и Јовановски.

Покрај аудио снимките од Кичеец, денеска на рочиштето беа пуштени и 16 аудио снимки кои ги доставил Камчев до обвинителството, како и една видео снимка. Во една од аудио снимките имаше разговори кои според обвинителството го воделе Јордан и Ана Камчеви со Боки 13 и Кичеец, а се зборувало во која болница да и се направи операција на Јанева.

Инаку поголемиот дел од денес објавените снимки веќе беа објавени преку италијанскиот весник Ла верита.

 

Мери Ѓорѓиевска