Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

РЕК Битола веќе цела недела работи со само еден блок, од ЕВН уверуваат дека струја имало доволно

Државните електрани никако успеат, сите три блока во РЕК Битола, да работат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државните електрани никако успеат, сите три блока во РЕК Битола, да работат истовремено. Во услови на поларни температури, најголемиот домашен производител на струја, веќе цела недела работи со само една третина од своите капацитети. Во погон е само Блокот 2, откако на 16-ти месецов започна непланирана санација на цевководниот систем на Блокот 1. Од РЕК Битола се правдаат – подготовките за вклучување во мрежа на Блокот 1 биле завршени, ама сега се чекало МЕПСО да создаде услови за тоа, што било практика која траела четири децении?!

  • „Веќе неколку денови се’ e подготвено за вклучување на Блок 1, но МЕПСО не озбезбедува услов за тоа. До крајот на месецов и Блок 3 треба да биде на мрежа и Комбинатот да работи со полн капацитет. Ниските температури немаат речиси никакво влијание врз производството на струја во РЕК Битола. На депонијата за јаглен има околу 300.000 тони резерви, а соодветно на овие временски услови се одвива и производството во рудниците“, – информираат од РЕК Битола.

Прашавме и во МЕПСО – зошто се’ уште нема зелено светло за Блокот 1 да се стави во мрежа ? Одговорот, неконкретен, ама ветувачки. Се работело.

  • „Техничките лица на АД МЕПСО и на АД ЕСМ се секојдневно на терен и се во постојана комуникација во насока на надминување на настанатата ситуација. Сакаме да потенцираме дека проблемот е од техничка природа и не задира во безбедноста на снабдувањето со електрична енергија. Со заеднички ангажман на стручните екипи на двете компании, очекуваме проблемот да се надмине во текот на следниве неколку денови“ – се вели во одговорот од МЕПСО.

Дали трикратно намаленото производство на домашна струја во период на значително зголемена потрошувачка ќе го зголеми и увозот на прескапа струја и дали потрошувачите можат да бидат спокојни дека струја ќе има доволно, прашавме во ЕСМ. Ама оттаму, без конкретен одговор, очекувано – смируваат.

Реклама
  • „Производството на електрична енергија е стабилно, а снабдувањето се одвива редовно и непречено, во согласност со потребите на потрошувачите. Во тековното работење на АД ЕСМ, набавките на електрична енергија се одвиваат согласно планот за производство и набавка на електрична енергија за 2023-2024 година, како и берзанските цени“, – велат од ЕСМ.

Инаку, од почетокот на годинава, цената на струјата повторно е зголемна, а воведена е и нова ставка „пристап до мрежа“, како и т.н. „данок на луксуз“. Според последните податоци од Евростат граѓаните во Македонија плаќаат најскапа струја во однос на земјите од регионот, односно 10,5 евра за 100 киловатчаса.

Каролина Дурло