Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Милионски зделки за „крпи закрпи“ во РЕК Битола – Клучниот енергетски комбинат пропаѓа, експертите критикуваат за неодговорност   

   По завчерашниот тотален крах на РЕК Битола, од вчера попладне Постројката повторно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   По завчерашниот тотален крах на РЕК Битола, од вчера попладне Постројката повторно работи. Ама, пак со само еден Блок. Дали и кога точно ќе бидат ставени во синхронизирана функција и останатите два блока, засега останува неизвесно.

   „Вчера, во 15.55 ч., Блок 2 е синхронизиран со системот. На Блок 3 се санира оштетувањето на цевките и штом биде завршено и тој ќе биде ставен во функција. На Депонијата во моментов има резреви од над 160.000 тони јаглен, притоа треба да се има предвид дека од 9 ноември до 16 декември, и од 1 до 24 февруари, РЕК Битола работеше со сите три болка на мрежа“, се правдаат од РЕК Битола.

  Честите хаварии во најголемиот домашен производител на струја се резултат на несоодветното одржување на постоечките капацитети, на отсуството на сериозни годишни ремноти со длабоки зафати, на немодернизацијата, но и на квалитетот на увезениот јаглен кој се користи, сметаат експертите.

Реклама

  „Тоа се сериозни проблеми кои што не се решаваат преку ден. Ако ова, како што има најава дека во ден – два сеќе биде решено, тогаш би се третирало како случаен испад, а таков случаен испад – Македонија да ја оставите без ниеден блок од РЕК Битола, мислам дека треба да се санкционира. Ова на времето беше незамисливо дека може РЕК Битола да се донесе да не работи ниеден блок. Тоа најодговорно ви го тврдам, не се случило никојпат“ – ни изјави за Алфа, м-р Спиро Мавровски, поранешен дирелктор на РЕК Битола.

  Одговорните луѓе кои работат таму и се дебело платени со народни пари, џабе се правдаат дека честото испаѓање на блоковите била очекувана, нормална работа. Тоа не е точно, тоа се само изговори за недомаќинското работење, дециден е Мавровски.

  „Не е нормално да испаѓа блокот. Тоа значи дека има дефект, има проблем. Дали е тоа пукање на цевки, дали е неквалитет на јаглен, дали како минатиот пат на третиот блок кога цел котел беше донесен во прашање, значи тоа се сериозни проблеми. Значи, секое исклучување на РЕК Битола, значи увоз на електрична енергија и покачување на цената. Не е тоа така  едноставно како што некој сака да го прикаже“, – објаснува м-р Мавровски.

  Инаку, од почетокот на годинава, цената на струјата повторно е зголемна, а воведена е и нова ставка „пристап до мрежа“, како и т.н. „данок на луксуз“.

 Каролина Дурло