Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Регулаторна: Дизелот поскапува за 2 денари, а бензините и екстралесното масло за домаќинства за 2,5 денари по литар.

Дизелот поскапува за 2 денари, а бензините и екстралесното масло за домаќинства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизелот поскапува за 2 денари, а бензините и екстралесното масло за домаќинства за два и пол денари по литар. Мазутот бележи зголемување од 3 денари. Според новите цени на РКЕ, кои  почнуваат да важат од полноќ, 95-ката ќе се продава за 85 денари по литар. Новата цена на 98-цата изнесува 87 денари по литар. Дизелот, пак, од утре ќе се продава за 93,5 денари по литар.

ЦЕНИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ 05.05.2026

ЕУРОСУПЕР  95               85 (денари/литар)

Реклама

ЕУРОСУПЕР  98               87 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ                     93,50 (денари/литар)

Екстра лесно масло         98,5 (денари/литар)

Мазут                          49,720 (денари/килограм)

Од овие цени може да се оди и надолу на бензинските пумпи поради попустот на ОКТА од 3 денари за дизелот, односно 2 денари по литар за бензините. Компанијата одлучи да го продолжи попустот до 18-ти мај.

Според премиерот Мицкоски, земјава се уште има најевтини горива во регионот, па затоа има во некои денови дури до 30% зголемена потрошувачка на македонските бензински пумпи од страна на странски државјани, најмногу од соседството. Премиерот изјави дека мерките продолжуваат и Македонија останува стабилен фактор во регионот кога се во прашање цените на нафтените деривати.

„Горди сме што можеме да влијаеме на подобар стандард и кај граѓаните од соседните држави. Како држава сме фактор на стабилност и продолжуваме со политика која ќе значи подобар стандард за греѓаните. Остануваме на намалените акцизи за бензините и за дизел горивата, остануваме на намаленото ДДВ за бензините и остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот“ – вели Мицкоски.

Владата претпазлива по информациите дека најмалку една фирма од нафтениот бизнис реекспортирала евтини нафтени деривати во кои е вкалкулиран попустот од ОКТА од 3 односно 2 денари по литар, како и владините мерки. Проверките на Државниот пазарен инспекторат се во тек и доколку има нерегуларности, ќе бидат преземени мерки – информира премиерот.

„Наше е да ја провериме секоја информација што ја добиме. Во зависност од проверките, така и ќе реагираме. Проверките се уште течат“ – вели Мицкоски.

Цената на нафтата значително се зголеми минатата недела, поради турбуленциите на Блискиот Исток. Во одредени моменти достигна и 126 долари за барел. Сепак, кон крајот на работната седмица се намали и денеска се тргуваше за 108 долари, поради иницијативата на американскиот претседател Трамп за помош на цивилните бродови на земји кои не се дел од конфликтот слободно да се движат низ спорниот проток, до крајната дестинација.