Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Регулаторна денеска ќе одлучува за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска, во рамките на својата редовна седница, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика денеска, во рамките на својата редовна седница, ќе ги утврди новите цени на нафтените деривати кои ќе важат во следните седум дена. Македонските возачи со голема доза на неизвесност ја чекаат оваа одлука, по минатата недела која донесе еден од најголемите ценовни шокови во историјата на земјата.

Претходното усогласување на цените ги остави потрошувачите во неверување, откако цената на дизелот скокна за дури 14,5 денари по литар, додека бензините поскапеа за околу 5 денари. Овие екстремни промени се директна последица на геополитичките превирања на Блискиот Исток и блокадата на Ормутскиот теснец, што предизвика глобален дефицит на сурова нафта.

И покрај минатонеделното поскапување на горивата, цените на нафтените деривати во Македонија остануваат најниски споредбено со оние во регионот.

Реклама

По одржаните состаноци минатата недела, од Владата информираа дека снабдувањето со гориво во Македонија е стабилно, а нафтените компании располагаат со залихи.